Уапсен 27-годишен охриѓанец во Скопје: Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицискиот службеник

3 извори · 3 извештаиПрв објави Скопје Инфо · · последен
Прочитај на Скопје Инфо (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

27-годишен маж од Охрид бил лишен од слобода кај Железничката станица во Скопје, откако бил пријавен дека физички ја нападнал својата поранешна партнерка и ѝ се заканувал, а потоа нападнал и полициски службеник кој интервенирал на местото.

Клучни точки

  • Дваесет и седумгодишен маж од Охрид бил приведен во Скопје по пријава дека физички ја нападнал својата поранешна 28-годишна партнерка и ѝ упатувал закани, а подоцна го нападнал и полицискиот службеник кој постапувал по случајот. [Сител]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (3)

  1. Скопје Инфопрв

    Уапсен 27-годишен охриѓанец во Скопје: Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицискиот службеник

    27-годишен маж од Охрид бил лишен од слобода кај Железничката станица во Скопје, откако бил пријавен дека физички ја нападнал својата поранешна партнерка и ѝ се заканувал, а потоа нападнал и полициски службеник кој интервенирал на местото.

  2. Плусинфо

    ЈА НАПАДНАЛ ПОРАНЕШНАТА ПАРТНЕРКА, ПА И ПОЛИЦАЕЦОТ Охриѓанец приведен кај Железничката станица во Скопје

    Дваесет и седумгодишниот маж од Охрид бил приведен кај Железничката станица во Скопје. Според пријавата, ја нападнал и ѝ се заканувал на поранешната 28-годишна партнерка, а потоа физички го нападнал и полицаецот кој интервенирал.

  3. Сител

    Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец

    Дваесет и седумгодишен маж од Охрид бил приведен во Скопје по пријава дека физички ја нападнал својата поранешна 28-годишна партнерка и ѝ упатувал закани, а подоцна го нападнал и полицискиот службеник кој постапувал по случајот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето се случило на 20 октомври, околу 15:30 часот, во близина на Железничката станица во Скопје.…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.