Славески: Народна банка одлучи, се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола

17 извори · 18 извештаи4 препишани · независноста не е проверенаПрв објави Фактор · · последен

Во овој настан:АлтаСлавески

Прочитај на Фактор (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески попладнево изјави дека извршниот одбор на Народна банка на седницата денеска донел решение со кое се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола.

Клучни точки

  • Народната банка воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола, а за физичките лица е определен неделен лимит од 10.000 денари за одлив од нивните сметки преку банкарските картички. [Скопје1]
  • Одлуката е донесена денеска, 1 ноември, а ја соопшти гувернерот Трајко Славески на вонредната прес-конференција. [Скопје Инфо]
  • Тој појасни дека станува збор за привремена мерка, со која управувањето со банката во наредниот период ќе премине во надлежност на лица назначени од Народната банка. [А1он]
  • Со одлуката, управувањето со банката привремено го преземаат лица назначени од Народната банка, а мерката има за цел да ги заштити имотот и интересите на штедачите. [Телма]
  • За таа цел се назначени тројца администратори, а мерката е привремена и ќе трае најмногу три месеци. [Лидер]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • СлавескиНародна банка одлучи, се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола[Фактор]
  • СлавескиНародна банка го презеде управувањето со Алта банка, граѓаните ќе можат да подигнуваат само 10.000 денари неделно[Фокус]

Сите извештаи (18)

  1. Факторпрв

    Славески: Народна банка одлучи, се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола

    Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески попладнево изјави дека извршниот одбор на Народна банка на седницата денеска донел решение со кое се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола. Вели дека ова е од времен карактер. Додаде дека воведувањето на администрацијата привремено преминува во надлежност на лица на Народната банка. Рече дека во наредните денови ќе има одредени…

  2. 360 степени

    Народна банка на Македонија го презеде управувањето со Алта банка АД Битола – објави гувернерот Славески

    Извршниот одбор на Народната банка донел одлука со која се воведува администрација во Алта банка АД Битола...

    Истиот текст го објавија и (2):
  3. Скопје1

    Народната банка презеде контрола врз Алта банка во Битола: Граѓаните ќе можат да користат само 10.000 денари неделно

    Народната банка воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола, а за физичките лица е определен неделен лимит од 10.000 денари за одлив од нивните сметки преку банкарските картички. Одлуката стапи во сила денеска, 1 ноември 2026 година, соопшти гувернерот Трајко Славески. Мерката може да трае најмногу 30 дена.Мерката следува по јавно објавените информации за одземањето на дозволата за…

    Изменето од издавачот (2 верзии)
    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Скопје Инфо

    Народната банка ја презеде контролата врз Алта банка Битола, граѓаните ќе можат да плаќаат со картички до 10.000 денари неделно

    Народната банка воведе привремена администрација во „Алта банка“ АД Битола и го презеде управувањето со банката. Одлуката е донесена денеска, 1 ноември, а ја соопшти гувернерот Трајко Славески на вонредната прес-конференција.

    Истиот текст го објавија и (1):
  5. А1он

    Народната банка воведува администрација во Алта банка Битола, неделниот лимит за плаќања ќе биде 10.000 денари

    Извршниот одбор на Народната банка денеска донел решение за воведување администрација во Алта банка а.д. Битола, соопшти попладнево гувернерот Трајко Славески. Тој појасни дека станува збор за привремена мерка, со која управувањето со банката во наредниот период ќе премине во надлежност на лица назначени од Народната банка. Славески најави дека...

  6. 24 Инфо

    Народната банка го презеде управувањето со Алта банка Битола

    Народната банка воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола, а управувањето со банката го преземаат лица определени од централната банка. Одлуката на Извршниот одбор веќе е во сила, соопшти гувернерот Трајко Славески на вонредна прес-конференција. Со цел да се зачува имотот на банката, во следните денови ќе важат ограничувања за плаќањата од сметките на ...

  7. Фокус

    Славески: Народна банка го презеде управувањето со Алта банка, граѓаните ќе можат да подигнуваат само 10.000 денари неделно

    Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески попладнево изјави дека извршниот одбор на Народна банка на седницата денеска...

  8. Телма

    Воведена привремена администрација во Алта банка Битола, граѓаните ќе можат да повлекуваат најмногу 10.000 денари неделно

    Извршниот одбор на Народната банка донел одлука за воведување привремена администрација во Алта банка АД Битола. Со одлуката, управувањето со банката привремено го преземаат лица назначени од Народната банка, а мерката има за цел да ги заштити имотот и интересите на штедачите. Во наредниот период ќе важат одредени ограничувања за плаќањата од сметките на клиентите. ...

  9. еМагазин

    Само 10.000 денари неделно ќе можат да користат граѓаните од Алта банка Битола, со Банката привремено ќе управува Народна банка

    Од денеска се воведува привремена администрација во Алта банка АД Битола, што значи дека управувањето со Банката го преземаат лица определени од Извршниот одбор на Народната банка на Македонија. Овие информации ги објави денеска на вонредна прес-конференција гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 2 милиони евра повлечени од Алта банка Битола заклучно вчера ...

    Изменето од издавачот (3 верзии)
  10. Охрид Прес

    НБРМ ја презеде контролата врз Алта банка Битола: Граѓаните ќе можат да користат по 10.000 денари неделно

    Скопје/Охрид, 1. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Народната банка на Република Македонија воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола, соопшти на вонредната прес конференција гувернерот Трајко Славески. За физичките лица е определен неделен лимит од 10.000 денари за одлив од нивните сметки преку банкарските картички, а одлуката стапи во сила од денеска, 1 ноември 2026 ...

  11. Фокус

    (Видео) Вонредното обраќање на гувернерот Славески

    Извршниот одбор на Народната банка донел одлука со која се воведува администрација во Алта банка АД Битола...

  12. Сакам да кажам

    НАРОДНА БАНКА ЌЕ УПРАВУВА СО „АЛТА БАНКА БИТОЛА“, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖАТ НЕДЕЛНО ОД СМЕТКИТЕ ДА ТРОШАТ САМО 10.000 ДЕНАРИ

    Народната банка воведе своја управа во „Алта банка Битола“. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на денешната прес-конференција кажа дека ...

  13. Лидер

    НАРОДНА БАНКА НАЗНАЧИ ТРОЈЦА АДМИНИСТРАТОРИ ВО АЛТА БАНКА БИТОЛА: Физичките лица ќе можат да користат до 10.000 денари неделно од своите сметки

    Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за воведување администрација во Алта банка АД Битола, со цел заштита на имотот на банката. За таа цел се назначени тројца администратори, а мерката е привремена и ќе трае најмногу три месеци. Од Народната банка објаснуваат дека одлуката е донесена поради одземањето на дозволата за работа и поведувањето стечајна постапка против акционерот со…

  14. МКД.мк

    Народната банка на Македонија воведува привремена администрација врз „Алта банка“ АД Битола

    „Оваа мерка е од времен карактер и се воведува исклучиво заради случувањата со акционерот со квалификувано учество ‘Алта банка’ АД Белград. ‘АЛТА банка’ АД Битола е високо капитализирана, ликвидна и со солиден квалитет на кредитното портфолио и ги исполнува сите супервизорски стандарди. Воведувањето на администрацијата подразбира дека управувањето со имотот на банката привремено преминува во ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.