Кристин Лагард заминува од челната позиција во ЕЦБ на 7 февруари 2027 година

4 извори · 4 извештаиПрв објави Инфомакс · · последен

Во овој настан:ЛагардЕЦБ

Прочитај на Инфомакс (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, ќе ја напушти функцијата на 7 февруари 2027 година, неколку месеци пред истекот на нејзиниот мандат. Одлуката официјално беше потврдена од ЕЦБ, а нејзиниот наследник ќе го избира Европскиот совет согласно утврдената постапка на Европската Унија.

Клучни точки

  • Лагард го информираше Управниот совет на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста за својата одлука, се вели во соопштението. [Бизнис Инфо]
  • Европската Унија ја почнува постапката за избор на нов претседател на Европската централна банка, откако Кристин Лагард најави дека ќе се повлече на 7 февруари 2027 година, речиси девет месеци пред редовниот крај на мандатот. [Рацин]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (4)

  1. Инфомакспрв

    Кристин Лагард заминува од челната позиција во ЕЦБ на 7 февруари 2027 година

    Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, ќе ја напушти функцијата на 7 февруари 2027 година, неколку месеци пред истекот на нејзиниот мандат. Одлуката официјално беше потврдена од ЕЦБ, а нејзиниот наследник ќе го избира Европскиот совет согласно утврдената постапка на Европската Унија. Кристин Лагард ќе се повлече од функцијата претседателка на Европската централна банка ...

  2. Бизнис Инфо

    Оставка пред крајот на мандатот: Лагард си заминува од ЕЦБ

    Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ќе ја напушти својата функција на 7 февруари 2027 година, објави денес ЕЦБ. Лагард го информираше Управниот совет на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста за својата одлука, се вели во соопштението. Кристин Лагард е на чело на банката од јули 2019 година и ќе ...

  3. Сакам да кажам

    ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА, КРИСТИН ЛАГАРД, ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, објави оставка, со што завршија неколкумесечните шпекулации за нејзината иднина, кога Европа влегува ...

  4. Рацин

    Лагард заминува порано, ЕУ бара нов шеф на Европската централна банка

    Европската Унија ја почнува постапката за избор на нов претседател на Европската централна банка, откако Кристин Лагард најави дека ќе се повлече на 7 февруари 2027 година, речиси девет месеци пред редовниот крај на мандатот. ЕЦБ потврди дека Лагард за одлуката ги известила Управниот совет на банката и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Нејзиниот ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.