ЕЦБ

21 настани во последните 30 дена, од 26 медиуми

ЕЦБ пред каматна дилема: Цените растат, кредитите се скапи, а декември носи нов пресврт? — отвора на Пари

Европската централна банка најверојатно ќе направи пауза во зголемувањето на каматите на состанокот на 29 октомври, но тоа не значи дека циклусот на поскапување на парите е завршен. Напротив, економистите очекуваат ново зголемување веќе во декември, додека инфлацијата во еврозоната повторно забрзува и се оддалечува од посакуваните два процента. Според анкетата на „Ројтерс“, ЕЦБ се ...

Се помал интерес за станбени кредити во еврозоната: Високите камати ги одвраќаат купувачите, банките најавуваат построги услови — отвора на Фактор

Побарувачката за станбени кредити во еврозоната бележи најголем пад во последните три години, а главната причина се високите каматни стапки. Банките очекуваат интересот за купување станови и куќи на кредит дополнително да се намали до крајот на годината, додека условите за одобрување кредити ќе стануваат построги, покажува најновата анкета на Европската централна банка (ЕЦБ), објавена денеска....

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: БулеварУтро

ЕЦБ ќе го паузира растот на каматите: Забавувањето на еврозоната ги зголемува економските ризици — отвора на Пари

Европската централна банка најверојатно ќе ги задржи каматните стапки непроменети на претстојниот состанок, бидејќи економијата на еврозоната покажува знаци на забавување, додека високите цени на енергијата и финансиската нестабилност продолжуваат да создаваат притисоци, тврди Блумберг. Европската централна банка (ЕЦБ) се очекува да ја задржи депозитната каматна стапка на 2,5 проценти на...

На европските компании им е сè потешко да добијат кредити, каматните стапки растат и се очекува зголемување на цените — отвора на Бизнис Инфо

Условите за финансирање на компаниите во Еврозоната повторно се влошуваат. Компаниите пријавуваат зголемување на каматните стапки, тежок пристап до банкарски кредити и зголемување на трошоците за работење, додека во исто време очекуваат посилен раст на сопствените продажни цени, според најновото истражување на Европската централна банка (EЦБ). Според резултатите од анкетата за пристап до...

Пазарите ги чекаат одлуките на ЕЦБ и ФЕД — отвора на Бизнис Инфо

Фокусот на финансиските пазари оваа недела ќе бидат одлуките на Федералните резерви на САД (ФЕД), Европската централна банка (ЕЦБ) и Банката на Јапонија. Според пазарните очекувања, сите три институции ќе ги задржат постојните каматни стапки, но нивните најави би можеле да укажуваат на дополнително зголемување на каматните стапки во декември. Спротивно на тоа, се очекува ...

Пазарите во исчекување: Драмата со француските обврзници ја диктира одлуката на ЕЦБ — отвора на Бизнис Инфо

Се очекува Европската централна банка да ги задржи каматните стапки на сегашните нивоа следната недела, додека распродажбата на француските обврзници ги заострува условите за задолжување низ целата еврозона. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, јасно стави до знаење дека првите чекори кон решавање на проблемите со долгот на Франција мора да дојдат од Париз, а не ...

ЕЦБ се стреми кон поширока глобална употреба на еврото — отвора на Бизнис Инфо

Пошироката глобална употреба на еврото би можела да ѝ помогне на Европската централна банка да ја постигне својата цел за инфлација, изјави главниот економист на ЕЦБ, Филип Лејн. Поголемата меѓународна употреба на еврото „ја поддржува способноста на ЕЦБ да обезбеди стабилност на цените, бидејќи го зголемува меѓународното влијание на монетарната политика на еврозоната и со ...

Инфлацијата повторно се заканува на економијата: Фед и ЕЦБ пред нови одлуки — отвора на Бизнис Инфо

Растечките цени на енергијата и долгорочните геополитички тензии повторно ги зголемуваат инфлациските притисоци во најголемите економии во светот. Германската Бундесбанка предупредува на ризикот од понатамошно зголемување на цените, додека се очекуваат нови одлуки за каматните стапки од Европската централна банка (ЕЦБ), Американската федерална резерва (ФЕД) и Британската централна банка....

Континуитетот на енергетските притисоци бара рапидни реакции и од ЕУ и од европските држави — отвора на Нова Македонија

Предупредување на Европската централна банка (ЕЦБ) за енергентите, инфлацијата и за храната Во анализата објавена на 20 октомври 2026 година на блогот на Европската централна банка (ЕЦБ), економистите Кристофер Фукс, Марија Хелмер, Филип Лане и Кристофер Шмит ги разгледуваат причините за привидното смирување на прехранбената инфлација во еврозоната и за ризиците што би можеле повторно ...

Марио Драги за студентските протести во Европа: Младите имаат чувство дека никој не ги слуша — отвора на МИА

Поранешниот италијански премиер и поранешен претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, оцени дека младите луѓе имаат чувство оти ни...

Европска централна банка: Економијата на еврозоната покажа отпорност на енергетски шок, но ризиците остануваат — отвора на Бизнис Инфо

Економијата на еврозоната покажа отпорност на остриот пораст на цените на енергијата на почетокот на 2026 година, благодарение на помалата зависност од фосилни горива, владина поддршка, поповолна глобална средина и инвестиции поврзани со вештачка интелигенција, но ризиците сè уште се присутни, објави денес Европската централна банка (ЕЦБ). На блогот на банката се вели дека реалниот ...

Повеќе од 30 централни банки бараат евра од ЕЦБ: Лимитот 50 милијарди по банка — отвора на Фактор

Повеќе од 30 централни банки во изминатите шест месеци изразиле интерес за пристап до евра преку проширениот механизам на Европската централна банка (ЕЦБ). Станува збор за можност да обезбедат пари во европската валута во периоди кога финансирањето на пазарите е отежнато, а според главниот економист на ЕЦБ, Филип Лејн, приклучувањето на првите странски централни банки било завршено на почетокот...

ЕЦБ: Цените на храната привидно се смирија, но нови шокови се на повидок — отвора на ТРН

Инфлацијата кај храната во еврозоната бележи привидно забавување, но аналитичарите на Европската централна банка (ЕЦБ) предупредуваат дека ценовниот притисок врз основните продукти не е завршен. Според најновата анализа објавена на официјалниот блог на банката на 20 октомври 2026 година, комбинацијата од суши, поскап транспорт и геополитички тензии спречува побрзо враќање на цените во нормала...

ЕЦБ предупредува за зголемен ризик на инфлација кај цените на храната — отвора на Пари

Леб, тестенини, слатки, како и месо, сирење и моцарела. Предупредување до семејствата: потрошувачката кошничка ќе стане уште поскапа. Ова е предупредувањето од Европската централна банка (ЕЦБ), која веќе извесно време е фокусирана на инфлацијата кај храната. Најновата анализа на оваа тема укажува дека, во контекст на војната, податоците за инфлацијата покажуваат оти „темпото со кое ...

Нов бран поскапувања на храната се заканува во Европа, последиците може да се почувствуваат и во Македонија — отвора на Скопје1

Иако инфлацијата на храната во еврозоната забави во текот на 2026 година, Европската централна банка (ЕЦБ) предупредува дека смирувањето на цените можеби нема да трае долго. Повисоките цени на енергенсите, сушите и екстремните временски услови би можеле повторно да го забрзаат поскапувањето на храната во 2027 година.Според анализата на ЕЦБ објавена на 20 октомври 2026 година, годишната инфлација...

Војната на Блискиот Исток го сруши европскиот стандард — отвора на Антропол

Зголемените цени на енергијата, екстремните временски услови и нарушувањата во синџирите на снабдување создаваат нови инфлациски притисоци, кои би можеле посилно да се почувствуваат во текот на 2027 година, предупредува Европската централна банка (ЕЦБ). Во најновата анализа на ЕЦБ, објавена на 20 октомври 2026 година, во која економистите ги разгледуваат причините за забавувањето на растот ...

Лагард: Инфлацијата во Еврозоната ќе остане висока во првата половина од 2027 година — отвора на Макфакс

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека инфлацијата во Еврозоната ќе остане значително над целното ниво во текот на првата половина од 2027 година, првенствено поради порастот на цените на енергијата, додека во исто време предупреди на последиците од конфликтот на Блискиот Исток и неизвесноста во глобалната трговија, што би можело да ...

ЕЦБ го одобри барањето на банката „Уникредит“ за одобрување на преземањето на германската „Комерц банка“ — отвора на Бизнис Инфо

Европската централна банка (ЕЦБ) го одобри барањето на италијанската банка Уникредит за одобрување на преземањето на германската Комерцбанка, што ќе ѝ овозможи на Уникредит банка да ги конвертира акциите на Комерцбанка стекнати преку понудата за размена на акции во свои акции. Како што објави банката Уникредит, тие добија дозвола да го преминат прагот од 30 ...

Еврото тоне, доларот зајакнува – Франција и пресуди на Европа — отвора на Рацин

Европската валута падна на најниско ниво во однос на американскиот долар и британската фунта во последните 16 до 17 месеци. Ниту зголемувањето на каматните стапки од Европската централна банка не успеа да го запре падот. Енергетската криза, растечката инфлација и рекордниот француски јавен долг создаваат нов притисок врз европската економија. Еврото повторно слабее на меѓународните ...

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК) — отвора на ЦИВИЛ Медиа

Според податоците што ЕЦБ ги објави во септември 2026 година, повеќе од 90 проценти од банките под нејзин директен надзор веќе користат вештачка интелигенција, а 85 проценти применуваат и генеративна ВИ. Најчеста примена е управувањето со ризици, при што 64 проценти од банките ја користат технологијата за спречување финансиски измами и сајбер криминал. Оваа трансформација ...

Лагард: Франција треба сама да ја реши буџетската криза преку фискална политика — отвора на Бизнис Инфо

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денес изјави дека решението за влошената финансиска состојба на Франција мора да дојде од таа земја, преку фискална политика, со што ќе се намалат очекувањата дека ЕЦБ би можела да интервенира за ублажување на должничката криза. „Првото и основно решение лежи во самата Франција и се однесува ...