Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка

Фото: еМагазин
Известуваат 28 медиумиПрв објави еМагазин · · последен

Во овој настан:АЛТА

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Народната банка ги известува граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на банката во Битола. „За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 во Битола.

Клучни точки

  • Ова особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош кои средствата ги добиваат преку сметки во оваа банка. [МКД.мк]
  • Граѓаните кои немаат платежна картичка треба да почекаат да им стигне СМС порака за времето во кое ќе можат да ги подигнат парите. [Плусинфо]
Прочитај на еМагазин

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (29)

  1. еМагазинпрв

    Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка

    Народната банка ги известува граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на банката во Битола. „За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 во Битола. Исплатата ќе ...

  2. Бизнис Инфо

    Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола

    Народната банка ги известува граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември 2026 година, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на банката во Битола. За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ” бр. 21 во Битола. ...

  3. Скопје1

    Од утре клиентите на „Алта банка“ без картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, шалтерите ќе работат и во сабота

    Од утре, 5 ноември, клиентите на „Алта банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки, но не поседуваат платежни картички, ќе можат да подигнат готовина на шалтерите во главната филијала во Битола. Максималниот износ што ќе можат да го повлечат е 20.000 денари во период од две недели, информира Народната банка.Исплатата ќе се врши на повеќе шалтери во филијалата на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр.…

  4. Независен весник

    Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола

    Од утре, 5 ноември, граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, ќе можат да ги подигнуваат своите средства на шалтерите во главната филијала на банката во Битола, информира Народната банка. За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, наменети за исплата ...

  5. МКД.мк

    Граѓаните без картички од Алта банка од утре ќе можат да подигнуваат пари на шалтер во Битола

    За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, наменети исклучиво за исплата на готовина. Ова особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош кои средствата ги добиваат преку сметки во оваа банка. Максималниот износ што граѓаните ќе можат да го подигнат е 20.000 денари, колку што изнесува ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.