Иранскиот преговарач Калибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на војната

Фото: Курир
Известуваат 9 медиумиПрв објави ТРН · · последен

Во овој настан:Трамп

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Претседателот на иранскиот парламент и главен претставник на Иран во преговорите со Соединетите Американски Држави, Мохамад Багер Калибаф, денеска оцени дека Американците со гласањето на меѓуизборите, на кои демократите ги победија републиканците, рекле „не“ на војната.

Клучни точки

  • Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер Галибаф, денеска изјави дека Американците рекле „не на војната“ на вчерашните конгресни избори на кои Републиканската партија на претседателот Доналд Трамп претрпе тежок пораз од демократите. [Курир]
  • „Без разлика дали поради совеста или поради трошоците за живот, Американците ѝ рекоа НЕ на војната, а ние ја поддржуваме таа порака“, напиша на социјалната мрежа Икс Мохамад Багер Галибаф, претседател на иранскиот парламент и главен ирански преговарач во разговорите со САД. [МКД.мк]
Прочитај на ТРН

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

Сите извештаи (9)

  1. ТРНпрв

    Иранскиот преговарач Калибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на војната

    Претседателот на иранскиот парламент и главен претставник на Иран во преговорите со Соединетите Американски Држави, Мохамад Багер Калибаф, денеска оцени дека Американците со гласањето на меѓуизборите, на кои демократите ги победија републиканците, рекле „не“ на војната. „Без разлика дали тоа го направиле водени од совеста или од трошоците за живот, Американците рекоа ‘не’ на војната ...

  2. Курир

    Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на војната во Иран

    Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер Галибаф, денеска изјави дека Американците рекле „не на војната“ на вчерашните конгресни избори на кои Републиканската партија на претседателот Доналд Трамп претрпе тежок пораз од демократите. „Без разлика дали тоа е од совест или поради зголемувањето на трошоците за живот, Американците рекоа НЕ НА ВОЈНАТА и ние ја поддржуваме таа порака“, напиша…

    Истиот текст го објавија и (3):
  3. Макфакс

    Порака од Техеран по поразот на Трамп: „Американците рекоа не на војната“

    Претседателот на иранскиот парламент и главен претставник на Иран во преговорите со Соединетите Американски Држави, Мохамад Багер Калибаф, денес оцени дека Американците гласале „не“ на војната со гласањето на среднорочните избори, на кои демократите ги победија републиканците. „Без разлика дали од совест или поради трошоците за живот, Американците рекоа „не“ на војната и ние ја ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. МКД.мк

    Иран со остра порака по поразот на Трамп: „Американците ѝ рекоа НЕ на војната, нашето НЕ ќе ви биде кошмар“

    „Без разлика дали поради совеста или поради трошоците за живот, Американците ѝ рекоа НЕ на војната, а ние ја поддржуваме таа порака“, напиша на социјалната мрежа Икс Мохамад Багер Галибаф, претседател на иранскиот парламент и главен ирански преговарач во разговорите со САД. Галибаф упати и директно предупредување до американската администрација. „Ако американската влада ја предаде ...

  5. А1он

    (ВИДЕО) Иран има што да каже за изборите: Американците и рекоа НЕ на војната

    Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, еден од клучните преговарачи во разговорите меѓу САД и Иран, ги коментираше резултатите од американските меѓуизбори. Тој ги поврза изборните резултати со растот на трошоците за живот во САД, за кој рече дека е последица на војната со Иран. „Без разлика дали станува...

    Изменето од издавачот (2 верзии)

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.