Пожар во „8 Септември“: Гореле инвалидски колички на балкон на седмиот кат

Фото: Рацин
Известуваат 6 медиумиПрв објави 4NEWS · · последен

Преглед

Инвалидски колички гореле на балкон на седмиот кат во болницата „8 Септември“, на Одделението за ортопедија.

Прочитај на 4NEWS

Клучни точки

  • Од противпожарната бригада потврдија дека интервенирале во болницата откако пожарот избувнал во внатрешната просторија на одделението за ортопедија. [ТРН]
  • Пациентите од Одделението за ортопедија во скопската Градска општа болница „8 Септември“ утрово биле евакуирани откако избувнал пожар на вториот кат. [24 Инфо]
  • Болничкиот персонал веднаш ги евакуирал пациентите, а пожарот е изгаснат без повредени лица. [Рацин]
  • Според информациите, гореле инвалидски колички оставени во болничка соба, а причина за пожарот бил отпушок од цигара. [Мета.мк]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:ГОБСептември

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (6)

  1. 4NEWSпрв

    Пожар во „8 Септември“: Гореле инвалидски колички на балкон на седмиот кат

    Инвалидски колички гореле на балкон на седмиот кат во болницата „8 Септември“, на Одделението за ортопедија. Пожарот е изгаснат, а дел од...

  2. ТРН

    Отпушок од цигара предизвика пожар во ГОБ „8 Септември“, евакуирани пациенти

    Од противпожарната бригада потврдија дека интервенирале во болницата откако пожарот избувнал во внатрешната просторија на одделението за ортопедија. Лекарите и болничарите веднаш започнале со евакуација на пациентите, а спроед очевидци на седмиот кат на болницата гореле и инвалидски колички на балконот. Командирот на скопската противпожарна бригада Звонко Томески потврди дека пожарот е изгаснат и…

  3. 24 Инфо

    Пожар во „8 Септември“: Евакуирани пациентите од ортопедија, гореле инвалидски колички

    Пациентите од Одделението за ортопедија во скопската Градска општа болница „8 Септември“ утрово биле евакуирани откако избувнал пожар на вториот кат. Според противпожарната бригада, нема повредени, а огнот е изгаснат. Командирот на скопската противпожарна бригада Ѕвонко Томески изјави дека гореле инвалидски колички на тераса од болничка соба. По повикот преку бројот 112, кон болницата биле ...

  4. 360 степени

    Пожар во ГОБ „8 Септември“ – се запалиле инвалидски колички оставени на балкон

    Болничкиот персонал реагирал навреме и ги евакуирал пациентите сместени во собата, како и посетителите што се наоѓале...

  5. Рацин

    Пожар од отпушок од цигара во ГОБ „8 Септември“, пациентите веднаш евакуирани

    Отпушок од цигара предизвика пожар на одделението за ортопедија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Болничкиот персонал веднаш ги евакуирал пациентите, а пожарот е изгаснат без повредени лица. Пожарот избувнал во внатрешна просторија на одделението за ортопедија, по што лекарите и болничарите веднаш започнале со евакуација на пациентите. Според сведоштва на очевидци, на ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.