Се укинува притворот за Перпарим Бајрами за „Лотарија“

Фото: Скопје1
Известуваат 19 медиумиПрви објавија Инфомакс и 4NEWS · · последен

Во овој настан:Перпарим БајрамиПрпарим БајрамиЛотарија

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на П.Б., првообвинет во предметот со К.бр.1494/26, познат во јавноста како „Лотарија“, поднесен на 14.10.2026 година за замена на мерката притвор со гаранција, донесе решение со кое предлогот го усвои, ја укина…

Клучни точки

  • Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ќе биде ослободен од притвор откако Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција во недвижен имот во вредност од 1.140.781 евро. [Република]
  • Како што наведуваат од судот, надлежното Основно јавно обвинителство (ОЈО) Скопје на 13 август 2026 година поднесе обвинителен предлог против Прпарим Бајрами за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, за кое е предвидена казна затвор до пет години. [МКД.мк]
  • Според соопштението од Судот, тој ќе биде ослободен од затворот „Скопје“ веднаш по впишувањето на хипотеката во Катастарот на недвижности. [Press24]
  • Одлуката веќе е правосилна, а неговото ослободување ќе следува по впишувањето на хипотеката во Катастарот на недвижности. [Фактор]
Прочитај на Инфомакс

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (19)

  1. Инфомакспрв

    Се укинува притворот за Перпарим Бајрами за „Лотарија“

    Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на П.Б., првообвинет во предметот со К.бр.1494/26, познат во јавноста како „Лотарија“, поднесен на 14.10.2026 година за замена на мерката притвор со гаранција, донесе решение со кое предлогот го усвои, ја укина мерката притвор и прифати гаранција во износ од 1.140.781 евра, во ...

  2. 4NEWSпрв

    Прпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1,1 милион евра

    Прпарим Бајрами, првообвинет во предметот „Лотарија“, ќе излезе од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје прифати гаранција во недвижен...

  3. Скопје1

    Прифатена гаранција и укинат притвор за Перпарим Бајрами од Лотарија, притворот истекува за 5 дена

    Првообвинетиот во случајот „Лотарија“, Перпарим Бајрами, ќе биде пуштен од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција од 1.140.781 евро во недвижен имот.Одлуката е донесена по предлог на одбраната на Бајрами, поднесен на 14 октомври, за замена на мерката притвор со гаранција. Судот го усвои барањето, но истовремено му определи и дополнителни…

  4. Фокус

    Перпарим Бајрами излегува од ,,Шутка”, понудил гаранција од над еден милион евра, на 5 дена пред истекот на притворот

    Поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами, а сега обвинет во случајот ,,Лотарија”, излегува од притвор откако понудил...

    Истиот текст го објавија и (3):
  5. Република

    Перпарим Бајрами излегува од притвор до гаранција од еден милион евра

    Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ќе биде ослободен од притвор откако Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција во недвижен имот во вредност од 1.140.781 евро. Одлуката е донесена по барање на одбраната за замена на мерката притвор со гаранција во предметот „Лотарија“. Од Судот информираат дека, покрај прифатената ...

    Истиот текст го објавија и (1):

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.