Антарктикот

9 настани во последните 30 дена, од 8 медиуми

Пингвините го забрзуваат топењето на Антарктикот: Научниците открија необична појава — отвора на МКД.мк

Истражувачите откриле дека пингвините со своето движење го разнесуваат изметот, односно гуаното, по снежните површини. На тој начин, ненамерно им обезбедуваат хранливи материи на алгите и го поттикнуваат нивното размножување, објавено е во списанието „Журнал за геофизички истражувања: Биогеонауки“, пренесува Гардијан. Снежните алги се микроскопски, едноклеточни растенија кои опстануваат во некои…

Глечерите се топат шестпати побрзо: Научниците предупредуваат на неповратни последици — отвора на ТРН

Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот денес се топат приближно шестпати побрзо отколку во деведесеттите години од минатиот век, а научниците предупредуваат дека дел од последиците од климатските промени би можеле да станат неповратни. Новиот извештај за криосферата, односно замрзнатите делови на Земјата, покажува дека надминувањето на температурната граница од 1,5 степени, дури и ако ...

Саудиски принц сакал со ледени брегови да ја снабдува пустината со вода – донесениот мраз завршил во пијалаците на научниците — отвора на Reporter.mk

Во 1977 година, саудискиот принц Мохамед ал-Фајсал поддржал необичен план: огромни ледени брегови од Антарктикот да се влечат до Арапскиот Полуостров и да се користат ... Саудиски принц сакал со ледени брегови да ја снабдува пустината со вода – донесениот мраз завршил во пијалаците на научниците

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Утро

Под мразот на Антарктикот откриен свет со необични суштества — отвора на Рацин

Научници открија богат подводен свет со џиновски морски пајаци, октоподи, сунѓери и други необични организми под мразот на Антарктикот. Истражувањата покажуваат дека животот може да опстојува во целосна темнина, на големи длабочини и во екстремни услови. Научниците откриваат и микроорганизми во подземни езера што биле изолирани илјадници години. Откритијата се претставени во нова анализа на ...

Научниците открија скриен жив свет под мразот на Антарктикот — отвора на ТРН

Научниците открија богат подводен екосистем скриен под дебел слој мраз на Антарктикот, откако дел од ледената полица Џорџ Шести се отцепи и отвори пристап до морското дно. Истражувачкиот тим на бродот „Фалкор (ту)“ спушти роботски подводни возила под 150 метри мраз во Белингсхаузеновото Море. На дното забележаа сунѓери, морски пајаци, анемони и октоподи кои со ...

Висока плата, далеку од дома: Околу 100.000 евра годишно за работа на Антарктикот — отвора на Булевар

Австралиската антарктичка програма отвори повеќе од 200 работни ангажмани за сезоната 2027/2028. Се бараат електричари, механичари, водоводџии, столари, готвачи и специјалисти за научни, телекомуникациски и теренски операции. Договорите траат од шест до повеќе од 12 месеци. Избраните кандидати ќе помагаат во работењето на австралиските истражувачки станици и придружната инфраструктура. Платата...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Утро

На Антарктикот пристигнува тим за спасување на најјужната пошта во светот — отвора на Рацин

Британски тим експерти тргнува на Антарктикот во мисија за спасување на историската станица Порт Локрој, во која се наоѓа најјужната пошта во светот. Објектите, стари повеќе од 80 години, се соочуваат со сериозни оштетувања поради климатските промени и сè поекстремните временски услови. Порт Локрој се наоѓа на островот Гудиер, покрај Антарктичкиот Полуостров. Некогашна британска истражувачка ...

Научниците предупредуваат: Топењето на најголемиот глечер може да го забрза растот на нивото на морињата — отвора на Скопје1

Антарктичкиот глечер Твајтс се топи побрзо отколку што предвидуваа досегашните научни модели, а ново истражување укажува дека неговиот придонес кон порастот на нивото на морињата би можел да биде двојно поголем од претходните процени.Глечерот, кој се наоѓа во западниот дел на Антарктикот, е една од најголемите непознати во прогнозите за идниот пораст на нивото на морињата. Поради потенцијално...

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Либертас

„Глечерот на судниот ден“ се топи побрзо од очекуваното, научниците загрижени — отвора на ТРН

Глечерот Твејтс на Западниот Антарктик се топи значително поагресивно отколку што предвидуваа досегашните научни модели. Новата студија на тимот glaciolozi од Универзитетот во Калифорнија и лабораторијата JPL на NASA открива дека топлата морска вода под дејство на плимата навлегува километри под ледената маса. Доколку овој природен бедем попушти, последиците директно ќе ги почувствуваат милиони...