Брегалница

15 настани во последните 30 дена, од 12 медиуми

Ѝ одобрил на вработена да искористи 15 денови од вишок работни часови кои всушност ги немала изработено - директор на „Брегалница“ - Делчево ќе одговара кривично — отвора на Скопје Инфо

КУП на Македонија 1/8 финале: Македонија ЃП ја „шокираше“ Брегалница, Струга ТЛ и Скопје одат понатаму — отвора на SportSport

Во останатите мечеви од денешната 1/8 финална КУП програма во домашниот фудбалски шампионат, најголемото изненадување го направи тимот на Македонија ЃП, која што на пенали ја елиминираше Брегалница. Откако гостите имаа водство од 0:2, неочекувано домаќинот израмни, а потоа во пенал серијата беше попрецизен. Трагичар за гостите беше Матеј Ангелов кој промаши во последната серија. ...

Брегалница доби засилување во стручниот штаб – Дарко Денков ќе се грижи за голманите — отвора на Журнал

Дарко Денков е новиот тренер на голманите во ФК Брегалница, откако ја прифати довербата да биде дел од стручниот штаб на штипските „сини“. Денков, кој неодамна си замина од стручниот штаб на Детонит Плачковица, каде што ја извршуваше функцијата тренер на голманите, сега добива нов предизвик во клубот од Штип. Тој не го крие задоволството ...

Тренер на колото: Мијалче Прошев (Брегалница) — отвора на SportSport

Да се победи со 3:4 како гостин кај Арсими секако дека не е мала работа. Обично тренерите не сакаат кога ќе има многу голови, значи одбраната не си ја завршила добро својата работа ама кога ќе победиш на гости во меч со седум голови, тогаш мора да бидеш задоволен. Така и со Мијалче Прошев, тренерот ...

Победи за Тиквеш и за Брегалница — отвора на Курир

Во Првата македонска фудбалска лига денес на распоредот беа два натпревара од 11. коло. Бодовите ги освоија Тиквеш и Брегалница.

Во меч со седум гола Брегалница го победи Арсими — отвора на МКД.мк

Домаќините први се израдуваа на погодок, тоа се случи во 22. минута кога Рамадани шутираше од далечина, Филевски одбрани, топката дојде до Кеба кој ја смести во мрежата на Брегалница за водство на Арсими од 1-0. Осум минути подоцна Коцев израмни на 1-1, а на пет минути пред крајот на првото полувреме погоди и Глигоров ...

ПМФЛ: Голеада во Гостивар и инфаркт – победа на Брегалница! — отвора на SportSport

Арсими – Брегалница 3:4 е исходот од денешниот меч од 11.коло во ПМФЛ. Супер интересен меч за уживање на оние неутралните, еден од највозбдилите во изминатиот дел на сезоната. На крајот победа за гостите со голот на Натаниел во 90+2.минута. поразена. Арсими имаше 1:0, Брегалница врати со 1:3, за да домашните сепак “тресеа“ за 3:3, ...

Полувреме во Гостивар: Коцев и Глигоров за пресврт од 1:0 до 1:2 за Брегалница — отвора на SportSport

Арсими – Брегалница 1:2 по првото полувреме на натпреварот од 11.коло во ПМФЛ кој се игра во Гостивар. Домашните подобри го отворија мечот, со шанса на Алити а потоа и со гол на Каба Јакупи за 1:0 во таа 22.минута. Од тој момент Брегалница се созеде, почна да игра и потоа дојде до преврт. Прво ...

ПМФЛ: Тиквеш против Башкими оди по трите бода, штипските сини на гости кај Арсими — отвора на SportSport

Денеска се играат двата последни натпревари од 11.коло во нашата елитна лига. Во 12 часот, во тој „утрински термин“, во Гостивар се среќаваат Арсими и Брегалница. Ова е меч меѓу екипи кои досега освоиле по 10 бода и кои и тоа како бараат шанса да побегнат од опасната зона. И Арсими и Брегалница не можат ...

Само половина од оризовата реколта е ожнеана во кочанско — отвора на Телма

Половина од реколтата на кочанскиот ориз е ожнеана. Жетвата завршила за оризопроизводителите чии што ниви се посеани порано, односно ги полнат нивите со вода од реката Брегалница, а жетвата на површините во атарите на Спанчево, Соколарци и Бање е во тек, поради доцната сеидба, но и сланата, па дел од...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Журнал

Фановите на Брегалница со порака: Нешто ќе мора од корен да се смени, не сакаме да гледаме 11 жени....(ФОТО) — отвора на SportSport

И дефинитивно разочарувачка фудбалска есен за Брегалница. Штипските “сини“ и дефинитивно не можат да ги исполнат очекувањата и желбите на своите верни фанови. “Фалангата“ е незадоволна, а посебно боли поразот од Вардар. Па така денеска преку своите официјални мрежи оваа навивачка група си имаше што да се каже, посебно кон играчите: “Нешто ќе мора од ...

Брегалница го задржа седмото место, Шкендија е лидер со три бода повеќе од Струга и шампионот Вардар — отвора на Журнал

Табелата во Првата македонска фудбалска лига не претрпе речиси никакви промени по комплетирањето на десеттото коло, но има бодовно изедначување на некои екипи. Арсими одигра 1:1 против Тиквеш и освои бод пред домашната публика, а пак лидерот Шкендија со убедливи 1:3 славеше над Скопје во гости. Силекс се врати на победничките патеки откако со 0:3 ...

Вардар победнички се враќа од Штип, Николов „удри“ по своите — отвора на МКД.мк

Николов е дете од Штип, првите фудбалски чекори ги направи токму во Брегалница, но денеска се покажа како кобен кон овој клуб. Клучниот момент се случи во 24. минута кога Николов најдобро се снајде во шеснаесетникот и го матираше противничкиот голман. Брегалница до крајот на мечот имаше доволно шанси да се спаси од пораз, но ...

ПМФЛ полувреме: Прволигашка „убавица“ во Штип, Вардар води против Брегалница (ВИДЕО) — отвора на SportSport

Вториот од двата прволигашки дуели денеска се игра во Штип, каде што домаќинот Брегалница го пречекува актуелниот бранител на титулата тимот на Вардар. На полувреме резултатот е 0:1, а стрелец на единствениот гол засега е Бобан Николов. Тој реализираше во 24. минута откако Јанкулов нафрли на петерецот, Коцев и Закариќ во воздушен дуел ја спуштија ...

Судии за 10.коло во ПМФЛ: Доне Ристовски “главен“ на дербито во Штип — отвора на SportSport

Од утре па до понеделник на програмата се сите пет средби од 10.коло во ПМФЛ или прво во “вториот круг“. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата. Дербито се игра утре во Штип каде од 14 часот се среќаваат Брегалница и Вардар. Главен судија на оваа средба е Доне Ристовски. Во продолжение можете ...