Ограбена куќа во Визбегово: Одземени злато, пари и клуч со кој потоа било украдено возило на МЕПСО — отвора на Скопје Инфо
Ноќеска во 00:30 часот во СВР Скопје, Л.Љ.(29) пријави дека во периодот од 13 до 15 ноември во Визбегово, со употреба на сила било влезено во куќа. Како што се наведува во полицискиот билтен, при насилниот упад одземени биле злато, пари и клучеви од две патнички овизла, а потоа со одземениот клуч било одземено патничко возило „дачиа“, сопственост на МЕПСО.