Генерацијата

16 настани во последните 30 дена, од 18 медиуми

Протести ќе има во Германија, луксузните продавници се подготвуваат за нереди — отвора на А1он

Во триесетина германски градови утре ќе се одржат протести на младинската иницијатива „Gen Z regelt“, поради што трговците преземаат безбедносни мерки, стравувајќи од нереди и ограбувања на продавници, какви што неодамна имаше за време на протестите во Франција. Германската полиција засега нема информации за конкретни планови за насилство. Иницијативата „Gen...

Превентивни мерки во Германија: Луксузните продавници ги заштитуваат излозите пред протестите на „Генерацијата З“ — отвора на Press24

Германските градови се во зголемена подготвеност, а сопствениците на луксузните продавници во големите трговски центри почнуваат со поставување заштитни панели на прозорците. Причината за ова се најавените масовни протести на таканаречената „Генерација З“, кои предизвикуваат сериозна загриженост кај локалните власти и бизнис-секторот. Според германските медиуми, младите во земјата најавија…

Генерацијата Z утре ќе излезе на улиците на 23 германски градови, властите се плашат од француско сценарио — отвора на Независен весник

Во саботата, младите во Германија излегуваат на улиците на 23 градови за да бараат подобри училишта, прифатлив живот и укинување на задолжителната воена служба. Властите од Берлин до Штутгарт ги засилуваат полициските сили и предупредуваат дека нема да толерираат насилство од типот што се гледа во Франција. Протестите за 31 октомври се организирани од иницијативата ...

Над 130.000 млади Германци најавуваат протести: Незадоволството од образованието и климатската политика расте — отвора на ТРН

По протестите и немирите што ја потресоа Франција, германските власти со загриженост го очекуваат претстојниот викенд. Иницијативата „Генерацијата З презема иницијатива“ („Gen-Z regelt“) најави масовни собири во 23 градови низ Германија, а до вторникот за учество се пријавиле околу 134.000 луѓе. Додека конзервативните политичари предупредуваат дека протестите би можеле да бидат искористени од…

Младите сѐ повеќе ги заменуваат паметните телефони со обични за да се одморат од социјалните мрежи — отвора на Сакам да кажам

Сѐ повеќе млади луѓе од Генерацијата Зед се обидуваат да го намалат времето поминато на социјалните мрежи, а некои дури ...

Генерација на гневот: Зошто младите во Израел сè повеќе ја избираат екстремната десница? — отвора на ТРН

Околу три четвртини од младите Евреи што првпат гласаат се определуваат како десничари или централнодесничари. Еден од политичарите што најмногу профитира од ова расположение е Итамар Бен-Гвир, контроверзниот ултрадесничарски министер кој со радикални пораки, социјални мрежи и националистичка реторика привлекува нова генерација поддржувачи. Денешните парламентарни избори не се само одлучување...

Генерација З сака да купува подароци на рати — отвора на ТРН

Новото истражување на Morning Consult покажува дека речиси половина од младите Американци од генерацијата З планираат да користат одложено плаќање за празничните подароци. Зад удобноста на купувањето денес и плаќањето утре се крие ризик од акумулирање долгови кои можат да го оптоварат семејниот буџет долго по празниците. Празниците сè уште не започнале, но голем дел ...

Генерацијата Z ги предводи протестите низ Европа: Зошто младите луѓе се незадоволни — отвора на Фактор

Младите луѓе низ Европа сè повеќе го изразуваат своето незадоволство. Од недоволно инвестирање во образованието до високата цена на домувањето, генерацијата Зер излегува на улиците, создавајќи големи предизвици за веќе затегнатите влади. Протестите станаа видлив израз на фрустрацијата на младите луѓе кои се плашат дека нема да имаат исти можности како нивните родители. Причините за...

Погледнете ги барем само студентите од Србија — отвора на Либертас

Автор Биљана Секуловска Погледнете ги младите луѓе во Србија. Во Албанија, Грција, Шпанија, секако и Франција. Насекаде во светот. Дури и во еден Непал, каде диктатурите ги столчиле одамна, секогаш, но не и засекогаш. Таму минатата година Генерацијата Z на анти-корупциски протести го принуди премиерот да си даде оставка. Студентите и интелектуалците се единствената ...

„Искуство vs. младост“ – одбојкарски спектакл со хуманитарна мисија во општина Карпош — отвора на Курир

По иницијатива на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и поранешните ученици на ООУ „Иван Горан Ковачиќ“ – Даниела Штерјова, Даница Леонидова, Игор Атанасоски (Гуру Харе), Петар Ренџов (Пепи) и Арсо Јаневски (Раста), по повод патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“, се одржа голем хуманитарен настан исполнет со спорт, музика и позитивна енергија. Во центарот на настанот беше...

Грција се крена на нозе, ген З велат доста е — отвора на Рацин

Илјадници ученици, студенти и наставници во Грција на 21 октомври излегоа на улиците барајќи повеќе пари за образованието, безбедни училишта и достапно домување. Само во Атина, според полициската процена, протестирале околу 10.000 луѓе. На младите им се придружија родители, синдикати и вработени во јавните служби, поврзувајќи ги проблемите во образованието со растечките трошоци за живот. ...

Младите на Балканот: Прогресивни на Инстаграм, конзервативни на семеен ручек — отвора на ТРН

Младите на Западен Балкан за себе велат дека се прогресивна генерација, но бројките од истражувањата, сепак, говорат нешто сосем друго. Осум од десет сакаат да се зачуваат традиционалните вредности, а помалку од половина се за еднакви права за ЛГБТИ луѓето. Ова го покажува истражувањето „Пулс на демократијата: Генерација З на Западен Балкан“ на Фондациите Отворено ...

Во Тирана на улица, во Белград на избори, македонските млади на аеродром — отвора на ТРН

Истражувањето „Пулс на демократијата: Генерација З на Западен Балкан“ на Фондациите Отворено општество за Западен Балкан на кое учестувале 1.025 млади на возраст од 16 до 28 години, на македонски и албански јазик, во мај и јуни 2025 година покажува дека половина од македонските млади (50,4 отсто) воопшто не се интересираат за политика, а уште ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Журнал

Богатите колекционери од Генерацијата Зед трошат повеќе за уметнички дела од другите возрасти — отвора на Сакам да кажам

Богатите припадници на Генерацијата Зед сè повеќе вложуваат во уметноста, трошејќи повеќе од која било друга возрасна група, покажува најновото ...

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права — отвора на ЦИВИЛ Медиа

Во текот на септември и октомври, Европа е сведок на масовен бран младински и студентски протести кои укажуваат на длабока криза на доверба во политичките системи и образовните институции. Она што започна како локално незадоволство поради лошите услови во училиштата во Франција, брзо прерасна во транснационално движење кое бара темелни промени. Младите испраќаат јасна порака: ...

Како Генерација З реши да го преврти светот на глава — отвора на Рацин

Од Париз и Мадрид до Тирана, Буенос Аирес, Рио де Жанеиро и Њу Делхи, младите сè почесто стануваат главната сила на протестите против владините политики, корупцијата, скапото образование и недостапното домување. Генерацијата З, израсната со интернетот, социјалните мрежи и економската неизвесност, сè поотворено го оспорува политичкиот и економскиот поредок во кој треба да ја гради ...