ГРК Охрид и против Клаипеда двапати на домашен терен — отвора на SportSport
Ракометниот клуб Охрид двата натпревари од третото коло во ЕХФ Европскиот куп ќе ги одигра пред своите навивачи, на 21 и 22 ноември, со почеток од 18 часот. Охриѓани ќе имаат можност во краток временски период двапати да настапат пред домашната публика, во обид да обезбедат победи над литванска Клаипеда за пласман во следното коло.