Културно-информативен

5 настани во последните 30 дена, од 11 медиуми

Концерт на Amplidyne Effect – трио на 6 ноември во Културно-информативен центар – Скопје — отвора на MakPress

Во рамки на проектот „Македонски музички текови 2026“, поддржан од Град Скопје, Amplidyne Effect на 6 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, ќе одржи концерт во Културно-информативен центар – Скопје. На концертот ќе настапат Мартин Георгиевски, заедно со Владимир Мартиновски – тамбура, кавал и удиралки, и Соња Димитриоска – флејта. Звукот како простор ... The post Концерт на Amplidyne…

Вечер посветена на Бети Ѓорѓевиќ во КИЦ Белград — отвора на Република

Македонскиот КИЦ во Белград, во соработка со „Танграм Центар“, организира вечер посветена на големата џез и соул интерпретаторка, со македонско потекло, Бети Ѓорѓевиќ. Концертот, насловен по нејзиниот прв голем хит „Крај на мојата тага“ („Крај моје туге“) со кој се стекна со популарност уште во далечната 1974 година, ќе биде исполнет со сеќавања за неа, ...

„Црнилата на себеубивањето“ – книжевен поглед кон македонската историја — отвора на Макфакс

По повод убиството на Ѓорче Петров, извршено на една од софиските улици, на 26 октомври 2026 година, од 18:30 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи настанот „Црнилата на себеубивањето“, посветен на книжевното толкување на еден од трагичните настани во македонската политичка историја. Во фокусот на настанот е драмското творештво на Коле ...

Македонската уметност го освои Загреб. Изложба на Ивана Настеска и концерт на „Дуо Скупи“ наградени со силни аплаузи — отвора на Национално

Македонската уметност повторно се најде во центарот на културните случувања во Загреб. Со отворањето на изложбата „Сцени од ателјето“ на ликовната уметница Ивана Настеска и концертот на „Дуо Скупи“, македонскиот Културно-информативен центар во хрватската престолнина приреди вечер во која боите и музичките звуци создадоа единствено уметничко доживување. Настанот привлече бројни љубители на...

Овации за македонската чалгиска музика во преполната сала на македонскиот КИЦ во Загреб — отвора на Макфакс

Филип Шурбевски – Езгија квартет ја донесе магијата на македонската традиционална чалгиска музика во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, потврдувајќи ја улогата на оваа институција како значајна сцена за афирмација на македонската култура и традиција. Во преполната сала на македонскиот КИЦ во Загреб одекнуваше звукот на македонската традиционална чалгиска музика. Во целовечерниот...

7 извештаи (сите извештаи)4 препишани

Известуваат и: ОпсерверА1он+2