Извори

Национално

nacionalno.mk (се отвора нов таб)порталмакедонскијавен RSS канал10 извештаи / 7 дена

Посети го сајтот

Настани со извештаи од Национално

„Кога тогаш, ќе одговараат! Ве гледам во очи и ви кажувам“, рече Мицкоски за Ива Михаилова и татко ѝ, па ја повика Бугарија да ги врати — отвора на Скопје1

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека Ива Михаилова нелегално била пренесена во Бугарија и категорично ги отфрли информациите дека таа и нејзиниот адвокат ја преминале границата преку официјален граничен премин. Тој најави дека Министерството за внатрешни работи истражува како Михаилова ја напуштила Македонија и порача дека и таа и нејзиниот татко ќе се соочат со македонските…

КАЛАС: Проширувањето на ЕУ не смее да стане заложник на билатерални спорови — отвора на Национално

Проширувањето на Европската Унија и ризикот процесот да се претвори во низа билатерални спорови ќе бидат меѓу важните теми на дводневниот самит на Европскиот совет, што денеска и утре се одржува во Брисел. Ова го изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. Во изјава за новинарите пред почетокот на самитот, …

Зборуваат, но не слушаат. Претставата „Тепихот на Биг Лебовски“ утре во салата на Меѓународниот Славјанси Универзитет — отвора на Национално

Во салата на Славјанскиот универзитет во Свети Николе, утре, 16 октомври 2026 година, со почеток во 20 часот, ќе се одржи премиерата на театарската претстава „Тепихот на Биг Лебовски“, во продукција на Алтернативниот театар „ПРОБАТОН“ од Свети Николе. Претставата, во режија на Ѓорѓи Ризески, носи динамична сценска приказна исполнета со различни ликови, карактери и погледи …

БАЧЕВ НА ТВ 24: Кој ја „грабна“ Ива Михаилова, кој ги зема изборните милиони и што мора да побара Македонија од Брисел? — отвора на Национално

Претседателот на Единствена Македонија, проф. д-р Јанко Бачев, денеска, четврток, 15 октомври 2026 година, гостуваше во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24, на повеќе актуелни политички и општествени прашања. Во фокусот на разговорот беше случајот со Ива Михаилова и нејзиното заминување во Бугарија, кое во јавноста предизвика бројни реакции и отвори прашања за постапувањето на …

Над 200 експерти од Канада, Германија, САД, Мексико, Хрватска, Србија, Словенија и Шведска ќе учестуваат на Меѓународна конференција за форензичка психијатрија во Охрид — отвора на Република

Од 16 до 18 октомври 2026 година ќе се одржи Меѓународна конференција за форензичка психијатрија во Конгресниот центар на хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид. Конференцијата ја организираат Македонската психијатриска асоцијација, на чие чело е проф. д-р Антони Новотни и ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија, предводена од проф. д-р Славица Арсова, со поддршка на Светската психијатриска …

Најновите трендови, предизвици и можности во фокусот на 9. регионална конференција за е-трговија — отвора на еМагазин

И покрај напредокот во дигиталната поврзаност, Западен Балкан сè уште заостанува во искористувањето на можностите на е-трговијата. Дигиталните вештини, навиките за плаќање и подготвеноста на компаниите за дигитална трансформација се меѓу клучните предизвици што ќе бидат во фокусот на деветтата Регионална конференција за е-трговија, на 3. ноември во Скопје. Земјите од Западен Балкан бележат…

Пленковиќ ја спомена Македонија. Две држави ја блокираа 21 година, осум услови за Црна Гора, а Србија испраќа „смешни ноти“ — отвора на Национално

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Брисел изјави дека Хрватска јасно и транспарентно ги претставила осумте нерешени прашања што Црна Гора мора да ги надмине за да продолжи со напредокот во пристапните преговори со Европската Унија. Според него, станува збор за прашања што со години остануваат отворени, а се директно поврзани со европските вредности и …

Британците не сакаат да гинат за татковината. Речиси половина не би војувале — отвора на Национално

Речиси половина од британските граѓани изјавиле дека не постојат околности во кои би се бореле за својата земја, иако мнозинството ја поддржува идејата за зголемување на трошоците за одбрана. Ова го покажува најновата анкета на „Ипсос“, објавена денеска, а ја пренесува британскиот „Телеграф“. Подготвеноста на Британците да земат оружје во одбрана на земјата речиси и …

Нема пари за Киев. Изјавата на Ле Пен што го загрижи Зеленски — отвора на Национално

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази загриженост поради растечката популарност на партиите кои се противат на продолжувањето на конфликтот во Украина и повикуваат на ставање на интересите на сопствените граѓани на прво место, објави „Фајненшл тајмс“. Повод беше изјавата на лидерката на француската партија Национален собир, Марин Ле Пен, која рече дека Париз „нема пари да …

Есенски базар со 26 современи ракотворци — отвора на Република

Утре, 16 октомври, на приземјето во Скопје Сити Мол започнува тридневен Есенски базар – „Обоена есен, рачно создадена“, посветен на новата генерација домашни ракотворци кои преку својата креативност, препознатлив стил и оригинален пристап ја претвораат рачната изработка во современ израз на уметноста и личниот идентитет. Базарот ќе трае до 18 октомври. Во текот на трите …