МПЦ

18 настани во последните 30 дена, од 9 медиуми

Денеска е Св. Маченик Лонгин: Тој беше старешина на војниците што беа на распнувањето на Исус Христос на Голгота — отвора на Денешен

Денеска е 16 октомври, по стар стил, и се слави Св. маченик Лонгин. Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници…

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. маченик Лонгин — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 октомври. Денеска е Св. маченик Лонгин. Во Христово време, Лонгин беше капетан во римската војска. Поверува во Христовата божественост, наоѓајќи се како старешина на стражата под Господовиот крст. Кога Евреите сакаа да го убијат заради неговата вера во Христа, тој тајно го напушти Ерусалим и се пресели во Кападокија, па на имотот на…

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Преподобен Ефтимиј Нови — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 октомври. Денеска е Преподобен Ефтимиј Нови. Роден е во 824 година во Анкира. Откако отслужил војска, се оженил и имал една ќерка, Анастасија. Подоцна се замонашил и долго време се подвизувал во Олимпските манастири, а потоа на Света Гора. Потоа едно време живеел како столпник во близината на Солун. Столпниците се посебен вид…

Утре е Петковден: Православните ја слават Преподобна мајка и чудотворка Параскева, чиј култ кај македонскиот народ е многу голем — отвора на Денешен

Утре е голем православен празник, се слави Св. Петка, кај народот познат како Петковден. Света Петка била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и биле имотни и побожни христијани. Таа живеела со нив до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, во денешен Израел, каде се подвизувала во пост и молитва до својата старост....

Ги славиме светите маченици Карп и Папила — отвора на Курир

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 октомври. Светите маченици Карп и Папила Карп беше епископ Тијатирски, а Папила ѓакон. Беа родум од Пергам, каде што најпосле и пострадаа за верата Христова од свирепиот намесник Валериј, а во времето на Декиевото царување. Валериј ги врза за коњи и ги потера во Сард, каде што ги фрли на лути маки, но ним им се...

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска ја славиме Св. великомаченица Злата Мегленска — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 октомври. Денеска е Св. новомаченица Злата Мегленска. Света Злата беше родум од село Слатино, Мегленско во Егејска Македонија, од сиромашни родители. Еднаш, кога беше излегла по вода, ја пресретнаа некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Еден од нив и понуди да се потурчи и да му стане жена, но света Злата му одговори: јас...

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. маченици Пров, Тарах и Андроник — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 октомври. Денеска е Св. маченици Пров, Тарах и Андроник. Пров беше од Сида Памфилиска, Тарах од Сирија, а Андроник од Ефес. Сите тројца беа мачени и погубени од страна на антипатот Нумериј Максим, за време на царот Диоклецијан. Кога Тарах три пати го запрашаа кое е неговото име, тој три пати одговори, христијанин. После измачувањата...

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска се слави Св. апостол Филип — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври. Денеска е Св. апостол Филип. Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. Беше женет и имаше четири ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги организираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран и Филип. А кога...

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска Св. маченици Евлампиј и Евлампија — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 октомври. Денеска е Св. маченици Евлампиј и Евлампија. Беа брат и сестра, од Никомидија. За време на прогоните на Максимијан, една група христијани се засолни во една пештера надвор од градот. Евлампиј го пратија в град по леб. Тој наиде на царската наредба, залепена на ѕид, да се гонат и убиваат христијаните и ја искина, па беше...

Утре се слави Светиот апостол Јаков Алфеев — отвора на Скопје Инфо

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение.

8 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: 4NEWSИнфомакс

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Преподобна Пелагија — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 октомври. Денеска е Преподобна Пелагија. Оваа Пелагија потекнуваше од Антиохија и Господ и дал голема телесна убавина. Таа своја убавина Пелагија ја користеше за блуд, па така собра големо богатство. Еден ден таа отиде во црквата во која проповедаше епископот Нон и ја слушна неговата беседа за страшниот суд. Тоа толку ја потресе, што...

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. маченици Сергиј и Вакх — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 октомври. Денеска е Св. маченици Сергиј и Вакх. Овие двајца беа видни луѓе на дворот на Максимијан. Но, штом Максимијан дозна дека се христијани, својата наклонетост ја претвори во гнев, па ги испрати во Азија кај својот намесник Антиох, откако претходно ги облече во женски алишта и им стави железни огламници на вратот па така ги водеше...

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. апостол Тома — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 октомври. Денеска е Св. апостол Тома. Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна...

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. маченица Харитина — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 октомври. Денеска е Св. маченица Харитина. Во детството остана сираче. Ја посвои некој угледен човек и христијанин Клаудиј и ја воспита како своја ќерка. Харитина растеше зацврстувајќи се во Христовиот дух и избра да живее девствен живот. За време на прогоните на Диоклецијан во третиот век, некојси царски намесник Дометијан ја доведе на...

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. свештеномаченик Еротеј — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 октомври. Денеска е Св. свештеномаченик Еротеј. Зборот маченик доаѓа од грчкиот мартис, што во превод значи сведок. Значи, македонскиот јазик става акцент на страдањето за Христа, кое е симбол за влезот во новиот живот. Во својата суштина исто значење има и грчкиот мартис, само што се става акцент на проповедта, т.е. сведочењето за...

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. свештеномаченик Дионисиј Ареопагит — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 октомври. Денеска е Св. свештеномаченик Дионисиј Ареопагит. Свети Дионисиј Ареопагит е родум од Атина и се спомнува во Делата Апостолски како еден од малкумината што поверуваа на проповедта на апостол Павле во Атина. За него е познато дека бил философ, а истовремено и член на највисокиот атински суд, Ареопагот, од каде и му остана името...

Го славиме Свети Андреј Јуродив — отвора на Курир

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 октомври. Свети Андреј Јуродив По потекло Словен. Како роб го купи некој богаташ Теогност во Цариград, во времето на царот Лав Мудриот, син на царот Василиј Македонец. Андреј беше прекрасно момче, телесно и душевно. Теогност го засака и го даде да се описмени. Андреј усрдно Го молеше Бога и со љубов ги посетуваше црковните богослужби....

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. свештеномаченик Кипријан и маченица Јустина — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 октомври. Денеска е Св. свештеномаченик Кипријан и маченица Јустина. Овој Кипријан, што се слави денес како светител, претходно беше маѓесник или, со современ јазик кажано, окултист. Се беше преселил од Картагина во Антиохија, во времето кога таму живееше христијанката Јустина. Едно развратно момче од незнабошците се занесе од нејзината...