Ревизија

7 настани во последните 30 дена, од 25 медиуми

Јавни набавки без гаранции, стоки и услуги набавени без тендер: Што откри Ревизија во Министерството за дигитална трансформација — отвора на еМагазин

Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за дигитална трансформација за 2024 година – 2 сметки. Во истиот е констатирано дека вонредниот и редовниот попис на средствата не е извршен на начин пропишан со законските и подзаконските акти. Исто така ...

Ревизорите утврдија низ неправилности во работењето на Министерството за јавна администрација — отвора на Телма

Ревизијата на финансиските извештаи и усогласеноста на Министерството за дигитална трансформација за 2024 година утврди неправилности во евиденцијата и управувањето со имотот, непријавени обврски во периодот кога настанале и пропусти во јавните набавки. Според ревизорскиот извештај, пописот на средствата не бил спроведен согласно законските правила, а евиденцијата на основните средства...

Ревизија во МДТ: Објекти вредни 1 денар, задоцнети фактури, шест празни одделенија... — отвора на Пари

Државните ревизори не можеле да потврдат дека финансиските извештаи на Министерството за дигитална трансформација за 2024 година реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на институцијата. Причината не е една изолирана грешка, туку низа слабости – од нецелосен попис на имотот и непроценети недвижности, преку обврски заведувани со години задоцнување, до набавки на стоки и ...

Ревизорите открија слабости во ИТ системите, ПИОМ уверува дека податоците на граѓаните се безбедни — отвора на Макфакс

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ) тврди дека голем дел од пропустите во информатичката безбедност, утврдени со ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР), веќе се надминати, а дел од препораките се целосно реализирани или се во напредна фаза на спроведување. Од Фондот уверуваат дека личните податоци на пензионерите и осигурениците не биле компромитирани. ...

Ревизија откри пропусти во пензискиот фонд, тие уверуваат – сѐ е во ред — отвора на Рацин

Ревизија во пензискиот фонд откри слабости во заштитата на податоците, недостиг од информатичари и неподготвеност за сериозни прекини во работењето. ПИОМ, во одговорот објавен на 22 октомври, уверува дека голем дел од проблемите се надминати и дека податоците на пензионерите и осигурениците се сигурни. Наодите на Државниот завод за ревизија покажуваат значителен кадровски недостиг. Од ...

ДЗР алармира за недоволна ИТ безбедност во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување — отвора на Независен весник

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил слабости во воспоставувањето и спроведувањето на превентивните мерки за информациска безбедност во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИО), при што укажува на потреба од унапредување на контролите за заштита на информациите и ИТ ресурсите и обезбедување сигурно и непречено остварување на услугите за граѓаните. Како што наведува ДЗР, ...

11 извештаи (сите извештаи)7 препишани

Известуваат и: БрифКанал 77+6

Ревизија откри сериозни слабости во сајбер-безбедноста на ПИОМ — отвора на Телма

Државниот завод за ревизија утврди сериозни слабости во информациската безбедност на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, кои може да ја загрозат заштитата на податоците и непреченото обезбедување услуги за граѓаните. Ревизијата укажува на недостиг од стратешко планирање, застарена ИТ инфраструктура, неажурирани безбедносни системи и недоволна подготвеност за справување со...