Стојановски

19 настани во последните 30 дена, од 27 медиуми

Стојановски: Капиталните инвестиции ќе се реализираат во рекорден износ — отвора на Телма

Капиталните инвестиции ќе се реализираат во рекорден износ, порача Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во Топ тема на Телма ТВ. Темата дека фалат средства во буџетот и за апокалиптични сценарија дека нешто ќе се распаднело, дека ќе нема пари за плати и за пензии, тој рече дека граѓаните...

АЕК Ларнака подобра од МЗТ во Скопје — отвора на Курир

Кошаркарите на МЗТ Скопјенемаа сили да се спротивстават на тимот на АЕК Ларнака и загубија со конечни 69-85 во четвртото коло на ФИБА Европа купот. Најдобар поединец кај АЕК Ларнака беше Мајлс Тејт со 22 поени, а во редовите на МЗТ Скопје седумнаесет поени постигна Емир Крајиниќ, на кои уште четиринаесет додаде Ноа Фарахан.

4 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ДенешенMakPress

„Убавицата и ѕверот“: Јана Стојановска опасно привлечна ја фрли во сенка и својата моќна придружба — отвора на Вистина.мк

Македонската актерка и харизматична вокалистка на популарниот музички проект „Скопје Виа“, Јана Стојановска, уште еднаш покажа зошто важи за една од највпечатливите и најавтентичните појави на нашата јавна сцена. Неодамна објавените фотографии на социјалните мрежи ја заскокоткаа љубопитноста на нејзините обожаватели, оставајќи ги без зборови пред спојот на чиста елеганција, сурова моќ и доза на…

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија — отвора на Прва линија

Македонската велосипедска репрезентација оствари одличен настап на Балканското првенство во цикло-крос (CX), одржано во Романија, освојувајќи два медала и уште три пласмани меѓу најдобрите натпреварувачи. Далија Стојановска го освои златниот медал во категоријата У-19, додека Оља Цветанова се закити со бронза во категоријата У-15. Одличен настап забележаа и останатите членови на репрезентацијата.…

Далија Стојановска е балканска шампионка во велосипедизам! — отвора на SportSport

Македонската велосипедистка Далија Стојановска е балканска шампионка во циклокрос во конкуренција до 19 години, откако триумфираше на Балканското првенство со време од 43 минути и 21 секунда. Стојановска ја заврши трката со пет извозени круга, оставајќи ја зад себе второпласираната Бриџит Белу, која на целта пристигна со време од 44 минути и 26 секунди. Третото ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Курир

Денови на македонска култура во Будимпешта 2026: гастрономија, музика и скулптура во есенското издание — отвора на Независен весник

Деновите на македонска култура во Будимпешта 2026 продолжуваат со есенски циклус настани од 23 до 26 октомври, во рамки на кој унгарската публика ќе има можност да ја запознае македонската култура преку гастрономијата, музиката и ликовната уметност. Програмата започнува денеска и утре со Деновите на македонска гастрономија во ресторанот Yugo Resto-Bar во Будимпешта. Гостин-готвач ќе ...

7 извештаи (сите извештаи)6 препишани

Известуваат и: МКД.мк24 Инфо+4

По деценија ипол во Канал 5, Татјана Стојановска се сели на друга телевизија — отвора на Вистина.мк

Едно од најпрепознатливите и најомилените телевизиски лица во Македонија, Татјана Стојановска, официјално си замина од Канал 5 телевизија. По цели 15 години поминати како заштитен знак на оваа медиумска куќа, шармантната презентерка одлучи дека е време да го затвори ова поглавје и да се спакува за нова професионална адреса. Гледачите се изненадени, но за Тања ова е само уште еден смел чекор...

Слика од Гоце Божурски продадена на хуманитарна аукција за близнаците Благој и Дамјан — отвора на Нова Македонија

Слика од ликовниот уметник Гоце Божурски беше продадена на хуманитарна аукција, а средствата се наменети за лекување на шестгодишните близнаци Благој и Дамјан Стојановски од Кавадарци. Делото, масло на платно со мотив мртва природа, го купи семејството Јаневи. Божурски претходно донираше и 50 цртежи на Музеј-галерија Кавадарци, по повод 50-годишнината од отворањето на установата. Делата, ...

Чупиќ: Сакаме победа во Нант! — отвора на Курир

Тренерот на Вардар 1961, Иван Чупиќ, најави дека неговиот тим ќе се бори за победа на гостувањето кај Нант. Вардар мора да ја покаже препознатливата борбеност и вистинскиот менталитет, без оглед на околностите. „Сакаме да победиме и да останеме конкурентни, како што бевме и досега. Знаеме дека е многу тешко да се победи во Нант. Не сакам да размислуваме дека е доволно само да одиграме добар...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Денешен

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на СП во Словенија — отвора на Независен весник

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на Светското првенство, кое ќе се одржи од 22 до 25 октомври во Копер, Република Словенија. Македонија ќе ја претставуваат 14 натпреварувачи во различни возрасни категории: Сениори: Матеј Јарчевски Кадети: Камелија Недев и Софија Јарчевска Деца од 11 до 13 години: Филип Недев, Георги Кокорманов, Драган Стојановски и ...

МЗТ Скопје без Дамјан Стојановски во Германија — отвора на SportSport

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е на пат за Германија каде што утре во рамките од новото коло од ФИБА Европа купот го играат дуелот против екипата на Вурцбург со почеток од 19:00 часот. За жал, дел од експедицијата на „Штрковите“ овојпат не е искусниот Дамјан Стојановски кој што поради повреда на ребрата остана во ...

Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“ — отвора на Битола њуз

Кик бокс клубот Самурај од Битола од 16 до 18.10.2026, учествуваше со тројца натпреварувачи на престижниот турнир во Србија, “Трофеј на Белград“, каде освои три... The post Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“ first appeared on Bitola News.

Марио Стојановски: Четири генерации музика, два албума и една хармоника што се наследува — отвора на ТРН

Инструментот што го добил од татко му и денес го чува, како дел од семејната историја во која музиката има свое место веќе неколку генерации. Со „Македонска Хармоника“, Стојановски ѝ дава поинаква звучна форма на народната песна. Без вокал, придружни инструменти или други музичари, мелодиите ги пренесува преку хармониката, во сопствени аранжмани. Двата албума им ...

Култниот словенечки роман „Левитан“ сега и на македонски јазик — отвора на Република

Култниот роман „Левитан“ од словенечкиот писател Витомил Зупан е нов книжевен наслов во издание на „Полица“, објавен на македонски јазик во превод на Давор Стојановски. Заснован врз личното искуство на авторот од долгогодишниот престој во повоените југословенски затвори, романот претставува силно книжевно сведоштво за репресијата, слободата и отпорот на поединецот кон системот. Иако може да ...

Младите го учеа орото „Копачка“ и за заштитата на културното наследство — отвора на МКД.мк

Настанот беше организиран во соработка меѓу Здружението на фолклорна група „Копачка“ од село Драмче и средношколскиот центар, со цел да се јакне свеста кај младите за значењето на зачувувањето на ова светско културно добро. Претседателката на ЗФГ „Копачка“, Перса Стојановска, во обраќањето ја истакна важноста младите да се запознаат со можностите, предизвиците и приоритетите за ...

Има само 16 години, а веќе е репрезентативка: Далија Стојановска храбро ја освојува велосипедската патека — отвора на SportSport

Пишува: Зоран Ѓоршоски Во „Женски спортски приказни“ ви ја претставуваме младата и неверојатно храбра Далија Стојановска. Девојката која има само 16 години и не знае за препреки и бариери. Да се занимаваш со планински велосипедизам, крос-кантри олимпикс (XCO) и цикло-крос (CX) е голем предизвик, особено за една млада дама како Стојановска. Сепак, нејзината волја, упорност, ...

Денови на македонска култура во Будимпешта 2026: музика, скулптура, гастрономија во есенско издание — отвора на Макфакс

Деновите на македонска култура во Будимпешта 2026 продолжуваат со есенски циклус настани од 23 до 26 октомври. Публиката ќе може да ја запознае Македонија преку вкусовите, музиката и ликовната уметност. Програмата почнува на 23 и 24 октомври со Деновите на македонска гастрономија во ресторанот Yugo Resto-Bar во Будимпешта. Гостин-готвач е Слаѓан Стевковски, кој доаѓа од ...

„Не сакам да се откажам од мојата крв, од моите претци, а се прави се' да треба да бирам страна“: Стојановска предупредува на растечката омраза меѓу Македонците и Бугарите — отвора на Скопје1

„Имам и македонска и бугарска крв, но се чувствувам како најголем изрод на овие простори“, напиша Татјана Стојановска на социјалните мрежи, осврнувајќи се на растечките тензии меѓу Македонија и Бугарија и притисокот со кој, според неа, се соочуваат луѓето со мешано потекло.Таа истакнува дека не оправдува ниту една политика, ниту онаа на нејзината матична држава, Македонија, ниту бугарската, но...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Либертас

Војдан Стојановски: Ако бидеме на ниво очекувам позитивен резултат — отвора на МИА

Скопје, 14.октомври 2026 (МИА) – Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска го игра дуелот од второто коло од ФИБА Европа купот. Противник им е екипата на Тарту о...