Тему

6 настани во последните 30 дена, од 8 медиуми

Од денес, ЕУ воведува дополнителен данок на евтини пакети: шест милијарди евра годишно се очекуваат од Тему и Шеин — отвора на Бизнис Инфо

Новите такси за евтини производи нарачани преку интернет во ЕУ би можеле да донесат шест милијарди евра годишно во буџетот на Унијата од 2028 до 2034 година. Мерките првенствено се насочени кон големите кинески платформи како што се „Шеин“ и „Тему“. Од денес, Европската Унија воведува дополнителна такса од две евра за евтини пакети. Таа ...

„Тему“ под притисок од ЕУ: Брисел прифати план за спречување на продажбата на нелегални производи – еве што се менува — отвора на Фактор

Европската комисија го прифати акцискиот план на кинеската платформа за онлајн трговија „Тему“ (Temu), чија цел е усогласување со европскиот Закон за дигитални услуги (DSA) и спречување на продажбата на нелегални производи преку интернет. Планот предвидува пет мерки за отстранување на утврдените недостатоци во почитувањето на европските прописи, соопшти Европската комисија. Со овие мерки...

Тему воведува нови правила. Ќе спречува продажба на небезбедни производи — отвора на Плусинфо

Тему вети дека ќе спроведе анализа на ризик, повнимателно ќе ги следи мерките што ја спречуваат продажбата на нелегални производи и ќе ги зајакне контролите доколку е потребно.

Од 1 ноември, ЕУ воведува такса за пакети од Тему, Шеин и АлиЕкспрес — отвора на Бизнис Инфо

Од 1 ноември, купувачите во Европската Унија ќе плаќаат нова такса од две евра по артикл за стоки нарачани преку интернет од земји надвор од Унијата, вклучувајќи ги платформите Temu, Shein и AliExpress. Износот на таканаречената такса за ракување ја утврди Европската комисија на 21 септември со делегирана регулатива. Таксата е пропишана со новиот царински ...

Пошта трет ден не издава пратки, соопштение нема, а директорот е во Швајцарија — отвора на Независен весник

Граѓаните кои треба да подигнат пратка од „Пошта 2“, се враќаат со празни раце. Не може да се подигнат ниту препорачани писма, ниту судска пошта, ниту некои други пратки, освен пратките од Тему, пишува „Слободен печат“. Официјално известување од Пошта за проблемот нема. Но, затоа има соопштение дека токму овие денови, поточно од 19 до ...

Купувањето преку Temu и AliExpress станува сè поскапо: ЕУ воведува дополнителна такса за царинска обработка — отвора на Бизнис Инфо

Купувањето производи преку платформи како Temu и слични ќе стане уште поскапо за клиентите во Европската Унија од 1 ноември 2026 година. Откако на 1 јули беше воведена привремена давачка од три евра за пратки под 150 евра од земји надвор од ЕУ, сега пристигнува нова такса за царинска обработка од две евра. Станува збор ...