Титов Врв

3 настани во последните 30 дена, од 7 медиуми

Нова зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв — отвора на МКД.мк

Проектот е финансиран од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, а го спроведуваат Планинарската федерација на Македонија и организацијата Одржливи авантуристички патувања – Скопје. На промоцијата е најавено присуство на амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка, градоначалниците на Тетово и Боговиње, претставници на Министерството за култура и туризам, Националниот парк „Шар Планина“ и други…

Нова зимска патека до Титов Врв: Шар Планина добива подобра планинарска сигнализација — отвора на ТРН

Нејзината официјална промоција ќе се одржи во среда, на 28 октомври, со учество на тројца европски амбасадори, претставници на локалните институции и светски познатиот чешки алпинист Марек Холечек. Настанот ќе започне во 9 часот на Попова Шапка, кај информативната табла во близина на хотелот „Скардус“, а е дел од проектот „Славков – Маркација на планинарски ...

На силен ветер, студ и густа магла, планинари ја обновуваат зимската патека кон Титов Врв, која беше демолирана — отвора на Скопје1

Повеќе од 20 планинари и волонтери, во услови на ниски температури, силен ветер и густа магла, учествувале во акција за обновување на оштетената зимска сигнализација на патеката од Попова Шапка кон Титов Врв на Шар Планина. За два дена биле поставени повеќе од 22 столбови, со цел да се подобри ориентацијата и безбедноста на планинарите во пресрет на зимската сезона.Акцијата се одржала на 17 и 18...