Тони Коњановски

25 настани во последните 30 дена, од 13 медиуми

Годишна средба на македонските архитекти и архитекти урбанисти — отвора на MakPress

Комората на овластени архитекти и овластени инженери, во Битола одржува дводневна годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти. На покана на организаторот, учесниците ги поздрави градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, кој во своето обраќање главен акцент стави на новиот Генерален урбанистички план на Битола кој го подготвува локалната самоуправа. -Генералниот урбанистички план на…

Новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ, во посета на Општина Битола — отвора на Битола њуз

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска оствари работна средна со новиот турски амбасадор во Македонија Алпер Акташ, на кој му посака добредојде во Битола и... The post Новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ, во посета на Општина Битола first appeared on Bitola News.

Коњановски: Учениците во „Јане Сандански“ добија простор за своите идеи и поддршка при изборот на професија — отвора на Булевар

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше градоначалникот Тони Коњановски. Од училиштето посочуваат дека младинското катче е резултат на заедничката работа на учениците. Тие ќе можат да го користат просторот ...

Коњановски: Креативноста на младите е важна за подобра Битола — отвора на Булевар

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите и се подготвуваа за нивно претставување пред општинска комисија. На учесниците им се обратија градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски…

Првите 12 километри од автопатот Прилеп – Битола ќе бидат пуштени во 2027 година — отвора на Нова Македонија

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп – Битола треба да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година се очекува да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова го соопшти Општина Битола по работната средба со претставници на „Бехтел и Енка“. Во 2027 година ќе се работи и на делницата ...

Силниот ветер турна 20-тина дрвја низ Битола – Коњановски на терен, се работи на проценка и санирање на штетите — отвора на Журнал

Од синоќа и во текот на денешниот ден Битола е под силен ветер кој на моменти достигнуваше удари и над 50 километри на час, што предизвика повредување на лица, оштетување возила и откорнати дрвја. Попладнево на терен беше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. „Според информациите кои ги добив од директорот на ЈП „Комуналец“ со кој ...

Коњановски од терен: Се отстрануваат паднатите дрвја, граѓаните да бидат внимателни — отвора на Булевар

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен со директорот на ЈП „Комуналец“, апелираше до граѓаните на зголемена внимателност. Според информациите што ги соопшти Коњановски, ветерот на моменти достигнувал удари над ...

Коњановски: Резултатите не се создаваат со поставување столици, туку со континуирана работа — отвора на Булевар

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна информација – статусот на проектите, од кои дел се завршени, дел се реализираат, а за други се подготвува документација. „Додека столиците се поставуваат ...

Коњановски: Вештачката интелигенција и градовите на иднината во фокусот на конференцијата во Израел — отвора на Булевар

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“, со акцент на современите технологии и вештачката интелигенција. Според информациите од Општина Битола, посетата се реализира од 8 до 12 ноември, а…

Министерката вели едно јавно претпријатие со околу 100.000 денари во „Алта банка“, Коњановски објави шест со над 13 милиони — отвора на 4NEWS

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска на надзорната расправа пред собраниската Комисија за финансирање и буџет изјави дека, според информациите добиени од...

Тони Коњановски троши 40.000 денари за три дена дури граѓаните чекаат 20.000 за цел месец — отвора на Тера

Битола ја тресе една од најголемите финансиски кризи во поновата историја, а првите луѓе на градот се на патување во Израел. Лицето избрано да ја води општината до 2029 година и секретарот Борче од 8 до 12 ноември 2026 година се таму во официјална посета. Во моменти кога градот тоне во локални проблеми, а битолската ...

Коњановски: Иницијатива за „Бизнис клуб Битола“ и поголема поддршка од компаниите за локалната заедница — отвора на Булевар

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски. Коњановски посочи дека средбата поттикнала конкретни иницијативи…

Зимската служба се координира пред зимата — отвора на Битола њуз

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот Бојан Бојкоски присуствуваше на работната средба со претставниците на зимската служба на Општина Битола, во... The post Зимската служба се координира пред зимата first appeared on Bitola News.

Коњановски: Навремената реакција на терен е приоритет за зимската служба во Битола — отвора на Булевар

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски. Раководителката на Одделението за комунални дејности, Марјана Спасевска, ги претстави…

Доделени наградите “4-ти Ноември“ на Општина Битола, плакета за животно дело на Соња Михајлова (фотогалерија) — отвора на Битола њуз

-Покрај наградата за животно дело беа доделени и наградите за едногодишни остварувања, а ги добија: проф. д-р Горан Илиќ, д-р Маргарита Камбовска и Кире Марков... The post Доделени наградите “4-ти Ноември“ на Општина Битола, плакета за животно дело на Соња Михајлова (фотогалерија) first appeared on Bitola News.

Скопски „пајак“ ќе го средува сообраќајниот хаос на битолските улици — отвора на Рацин

По година и пол откако Битола остана без сопствениот „пајак“, ЈП „Паркинзи“ склучи договор со приватна компанија за изнајмување вакво возило. Ова на последната седница на Советот го соопшти градоначалникот Тони Коњановски одговарајќи на прашањето на советникот од СДСМ, Петар Николовски, зошто претпријатието не набавува пајак-возило за да се стави ред во сообраќајот, особено на ...

Коњановски: Сметките во „Алта банка“ не ја загрозуваат работата на јавните претпријатија, нема потреба од паника — отвора на Булевар

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации, нивната функционалност не е загрозена и дека Општината ги следи насоките на Народната банка. Коњановски истакна дека од почетокот ги следи случувањата со ...

Положено цвеќе и оддадена чест и почит на ослободителите на Битола — отвора на Битола њуз

По повод 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола се положи свежо цвеќе пред Споменикот на НОАВМ пред Центарот за култура, Споменикот на народниот херој... The post Положено цвеќе и оддадена чест и почит на ослободителите на Битола first appeared on Bitola News.

Премиера на документарниот филм „Битола, мој роден крај“ посветен на Ајри Демировски — отвора на Нова Македонија

Утревечер, од 19.00 часот во Кино Манаки во Битола, премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Битола, мој роден крај“ од авторите Шенол Мемиш и Дејан Младеновиќ, посветен на македонскиот композитор со турска националност Ајри Демировски. Демировски е роден во 1927 година во Битола. Како млад го изучувал берберскиот занает кај Вангел Тодоровски – Мајорот, подоцна прогласен ...

Коњановски: Над десет километри патна инфраструктура и нови 220 паркинг места во Битола — отвора на Булевар

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во прегледот на првата година од новиот мандат. Според објавениот отчет, вкупната вредност на наведените инфраструктурни проекти изнесува околу 164,5 милиони денари. ...

Јас се чувствувам немоќен за коњите и козите низ улиците, акциите на инспекторите неколку пати биле провалени, вели битолскиот градоначалник — отвора на Сакам да кажам

Битолскиот градоначалник Тони Коњановски на седница на општинскиот Совет рече дека многупати реагирал за движењето на коњите и козите низ ...

Коњановски: „Камера 300“ го чува наследството на браќата Манаки и ги носи животните приказни на големото платно — отвора на Булевар

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството на браќата Манаки. Во своето обраќање, Коњановски им честита на организаторите за придонесот во негувањето на делото на првите сниматели на Балканот. Тој…

Коњановски: Денот на ослободувањето на Битола ќе го одбележиме со почит кон историјата — отвора на MakPress

Денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември ќе го одбележиме со почит кон историјата, но и со презентација на сработеното во изминатата година од овој мандат, истакна градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски на седница што денес ја одржа Советот на Општина Битола. Според градоначалникот Коњановски, првата година од вториот мандат е со стратешки пристап ... The post Коњановски: Денот на…

Коњановски: 180 проекти ја одбележаа првата година од мандатот, инвестираме во инфраструктура, училишта и градинки — отвора на Булевар

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна градоначалникот Тони Коњановски на денешната 17-та седница на Советот на Општина Битола, презентирајќи отчет за првата година од вториот мандат. Во обраќањето во ...

Коњановски: Нови топлински пумпи во ОУ „Стив Наумов“ за енергетски ефикасно и позелено училиште — отвора на Булевар

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, увид извршија изведувачот, надзорот и претставници на УНОПС, донатор на проектот. Поставени се две големи топлински пумпи, за кои се ...