Црквата

13 настани во последните 30 дена, од 12 медиуми

Црквата „Свети Георги Победоносец“ – културно наследство на Македонија — отвора на Нова Македонија

Знаменитостите на Македонија „Свети Георги Победоносец“ е црква во селото Блаце во околината на градот Скопје. Храмот се наоѓа во густа листопадна шума, североисточно од селото, а до него води асфалтен пат, кој се двои од самиот почеток на селото Блаце. За историјата на оваа црква е забележано дека таа е изградена на темели на ...

Ги празнуваме Светите четириесет битолски преподобномаченици — отвора на 4NEWS

Кога, според неиспитливото допуштение на Господа, Турците муслимани нападнаа на православните народи на Балканот, по поробувањето на Прилеп, дојдоа да го освојат...

Верскиот советник на Хегсет: Одвојувањето на Црквата од државата не постои — отвора на МКД.мк

Хигинс во Пентагон стана еден од поважните соработници на Хегсет за верски прашања. Повеќе извори наведуваат дека имал значително влијание врз реториката на Хегсет и нагласувањето на христијанско-националистички теми, иако други тврдат дека тој е само еден од многуте советници. Оваа година Хигинс објави порака покрај карта на САД со натпис „ОВА Е ХРИСТИЈАНСКА НАЦИЈА“, ...

Црква Света Петка кај Св. Наум: Со лековитата вода извира нашето духовно и културно богатство — отвора на Охрид Прес

Во близина на прекрасното село Љубаништа, на самиот брег на Охридското Езеро, веднаш под Манастирот Свети Наум, како негов метох, е лоцирана црквата посветена на Света Петка. Подигната е на место каде што се верува дека извира лековита вода, а со својата духовна и историска значајност се претвора во ...

Охрид најубав: 24. октомври 2026 година: Три крста кај „Света Софија“ — отвора на Охрид Прес

Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово во стариот дел на градот, со мотив од три крста кај црквата „Света Софија“. (Крај) извор: ОхридПрес

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска се слави Св. апостол Филип — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври. Денеска е Св. апостол Филип. Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. Беше женет и имаше четири ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги организираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран и Филип. А кога...

Пере Тошев, совеста на македонската револуционерна организација — отвора на МКД.мк

Тој е човекот во заднината. Учителот, но и тивкиот револуционер кој е во основачите на Македонската револуционерна организација и борба. Напишано е, ама, во суштина, не е одгатнат револуционерот Пере Тошев. А неговите потомци се повеќебројни. И во Прилеп, и надвор од државата. Пред 32 години, во септември 1994 година, Прилеп ги побара и ги ...

Се слави Светиот апостол Јаков Алфеев – Ден посветен на верата, молитвата и добрите дела — отвора на Press24

Православните верници денеска, 22 октомври, го одбележуваат споменот на Светиот апостол Јаков Алфеев, еден од дванаесетте Христови апостоли, кој својот живот го посветил на ширењето на христијанската вера. Според црковното предание, по слегувањето на Светиот Дух, Јаков го проповедал христијанството и во други земји, ширејќи ја Христовата порака. Тој пострадал за својата вера, а Црквата ...

Годишнина од Првиот македонски свештенички собир во селото Издеглавје — отвора на Охрид Прес

На денешен ден во селото Издеглавје, Дебрца, се одржа Првиот македонски свештенички собир, историски настан што го означи почетокот на возобновувањето на Охридската Архиепископија преку создавањето на Македонската Православна Црква. На 21 октомври 1943 година, во услови на војна и окупација, македонското свештенство самостојно го презеде управувањето со...

Утре е Св. Тома и се седи дома, го прославувале дрводелците, столарите, ѕидарите... — отвора на Охрид Прес

Православните верници утре го прославуваат светиот апостол Тома. Тој во народот е познат како Томинден, сеќавање на светиот Тома, еден од дванаесетте апостоли кој го ширел Христијанството најпрво во Палестина, а потоа и во Персија и во Индија каде бил убиен. Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја ...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Република

Вартоломеј од Софија повика на мир во светот и единство на Црквите — отвора на Инфомакс

„Во овој момент светот има исклучителна потреба од мир. И, се разбира, ќе се молиме за единството на нашите Цркви“, порача Вселенскиот патријарх Вартоломеј во храмот Св. Александар невски во Софија, пред денешната литургија со Бугарскиот патријарх Даниил. Двајцата патријарси денеска ќе сослужуваат на свечена архиерејска света литургија во патријаршиската катедрала „Свети Александар Невски“ во ...

Охрид најубав: 15. октомври 2026 година: Кеј „Македонија“ — отвора на Охрид Прес

Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово во центарот на градот, со мотив од кеј „Македонија“. (Крај) извор: ОхридПрес

Покровот на Пресвета Богородица — отвора на MakPress

Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците денеска го слават празникот Покровот на Пресвета Богородица. Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир...