Amazon

20 настани во последните 30 дена, од 17 медиуми

Акциите на Амазон паднаа за 7, на Интел за 25 отсто, а вредноста на Гугл се намали за 500 милијарди долари — отвора на Мета.мк

Гугл предизвика толку голем страв кај инвеститорите што вредноста на акциите падна на најниско ниво во последните шест месеци

Технолошкиот сектор со нов пад на берзите поради слаби резултати и ВИ — отвора на Рацин

Акциите на водечките светски технолошки компании забележаа остар пад по разочарувачките финансиски извештаи на американските гиганти, што ги продлабочи стравувањата на инвеститорите околу исплатливоста на огромните вложувања во вештачката интелигенција. Бранот на продажба уследи откако тримесечните резултати на Амазон потфрлија во однос на очекувањата за профит и приходи, додека Интел објави…

Во третиот квартал, Amazon забележа зголемување на приходите и намалување на профитот — отвора на Бизнис Инфо

Американската технолошка компанија „Амазон“ објави мешани финансиски резултати за третиот квартал од годината. Иако нејзината облачна единица „Амазон Веб Сервисиз“ (AWS) забележа силен раст, послабите од очекуваните резултати и претпазливата прогноза за последниот квартал предизвикаа загриженост кај инвеститорите. Приходите на Amazon во периодот што заврши на 30 септември се зголемија за 12…

AI агент или инфлуенсер: Како новите дигитални навики го менуваат онлајн купувањето кај нас — отвора на ТРН

Вештачката интелигенција и препораките од социјалните мрежи директно ги преобликуваат потрошувачките одлуки на домашните купувачи, покажуваат одговорите од последната теренска анкета со граѓаните во Скопје. Овие дигитални навики, практичните дилеми меѓу алгоритмите и инфлуенсерите, како и потенцијалот на домашните производи на глобалните платформи како Амазон, доаѓаат во фокусот пред…

ChatGPT советувал епилептичарка да ја намали терапијата по што таа починала, семејството тужи — отвора на ТРН

Компанијата OpenAI и нејзиниот извршен директор Сем Алтман се соочуваат со судска тужба за смрт од небрежност, откако нивниот чет-бот ChatGPT советувал 31-годишна жена со епилепсија целосно да ги прекине препишаните лекови. Постапката пред Вишиот суд во Сан Франциско ја покренаа родителите на Бовен Ван, софтверска инженерка во „Амазон“, која починала набрзо по следењето на ...

Тужба против Openai по смрт на инженерка: Моделот GPT-4o повлечен по фаталниот совет за терапија — отвора на Лидер

Нови детали излегоа на виделина во врска со тужбата против компанијата OpenAI. Моделот кој ја навел инженерката од Амазон да ја прекине терапијата за епилепсија бил повлечен од употреба само еден ден по нејзината смрт. Нејзиниот долгогодишен невролог, д-р Николас Пулос, изјави за „Њујорк тајмс“ дека со оглед на нејзината медицинска состојба, тој никогаш не би препорачал укинување на терапијата.…

Смртоносен совет од. Chat GPT - Девојка го послушала ботот и умрела! — отвора на Вечер

Нови, шокантни детали испливаа на површина во врска со катастрофалната тужба против компанијата OpenAI, откако стана јасно дека смртоносниот модел кој ја убедил инженерката од Амазон да ги остави лековите за епилепсија бил панично повлечен од употреба само еден ден по нејзината смрт!...

Мајкрософт, Амазон и Гугл пред голем финансиски тест: Вложувањата може да достигнат 600 милијарди долари — отвора на Фактор

„Мајкрософт“, „Амазон“ и „Алфабет“, матичната компанија на „Гугл“, планираат годинава капитални вложувања до 600 милијарди долари, главно во инфраструктура за вештачка интелигенција. Во пресрет на објавувањето на кварталните резултати, инвеститорите бараат докази дека огромните инвестиции носат доволно приходи за да го оправдаат натамошното трошење, објави „Ројтерс“. Според најавите на...

Златото над 4.000 долари, гасот на 94 евра: Европските берзи во зелено — отвора на Бизнис Инфо

Европските берзански индекси денес се во пораст, суровата нафта Брент падна на околу 115 долари за барел, додека фокусот на пазарот оваа недела ќе бидат извештаите за заработка од американските технолошки компании Microsoft, Alphabet, Amazon и Intel, кои ќе дадат увид во глобалниот тренд на побарувачката за инфраструктура за вештачка интелигенција. Суровата нафта Брент падна ...

Доаѓа ли дигитален „локдаун“? ВИ откри безбедносна дупка, а проблемот може да ги загрози банките, пензиите и болниците — отвора на ТРН

Вештачката интелигенција откри сериозни безбедносни пропусти во PHP, програмски јазик што се користи на голем дел од веб-страниците во светот. Американските власти препорачаа ажурирање или исклучување на ранливите системи, а државни веб-услуги од Лондон до Токио привремено исчезнаа од интернет. Во меѓувреме, „Амазон“ утврдил дека некој се обидел да ја искористи безбедносната дупка четири дена ...

Викендов почнуваат завршните тестирања за улогата на Џејмс Бонд — отвора на Вечер

Amazon MGM бара наследник на Даниел Крег, кој ја напушти улогата во 2021 година со филмот „Нема време за умирање“. „Дејли меил“ објавува дека Џејкоб Елорди, Џек Лоуден и трет, неименуван актер се меѓу кандидатите. Новиот филм ќе го режира Д

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Журнал

Кој ќе го наследи Даниел Крег? Три имиња во трката за новиот Џејмс Бонд — отвора на ТРН

Потрагата по новиот Џејмс Бонд влегува во решавачка фаза. Според извештаите на филмските медиуми, „Амазон МГМ“ подготвува завршни пробни снимања што би можеле да почнат на 23 октомври и да продолжат следната недела. Меѓу кандидатите се споменуваат Калум Тарнер, Џек Лоуден и Џош О’Конор. Сепак, листата можеби не завршува со нив: според „Радио тајмс“, повикувајќи ...

Американски милијарди за германската иднина – „Амазон“ отвора ново инвестициско поглавје — отвора на Пари

Германија со децении ја градеше својата економска моќ врз автомобили, машини и индустриски гиганти. Но, инвестицијата што ја најави американскиот „Амазон“ покажува дека следната голема битка за германската економија нема да се води само во фабриките, туку и во центрите за податоци, лабораториите за вештачка интелигенција и вселената. Со повеќе од 16 милијарди евра планирани ...

Амазон следната година инвестира повеќе од 16 милијарди евра во Германија, познато е и каде оди најголемиот дел од парите — отвора на Бизнис Инфо

„Амазон“ планира да инвестира повеќе од 16 милијарди евра во Германија во 2027 година, со што дополнително ќе ја зајакне својата позиција на европскиот пазар. Американскиот технолошки гигант ќе ги насочи парите во развој на вештачка интелигенција, cloud computing, сателитски интернет и медиумски бизнис. Новата инвестиција доаѓа во време кога технолошките компании се во сè ...

Објавен трејлер за третата сезона на „Господарот на прстените“ — отвора на Курир

Стрим-услугата „Прајм видео (Prime Video)“ објави трејлер за третата сезона на серијата „Господарот на прстените: Прстените на моќта (The Lord of the Rings: The Rings of Power)“, чијашто премиера е закажана за 11 ноември. Извршни продуценти се Линдзи Вебер, Џастин Добл и Кејт Хејзел, заедно со извршната продуцентка и режисерка Шарлот Брандстром. Серијата е продуцирана во куќата „Амазон МГМ...

3 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: НетпресMakPress

„Амазон“ бара над 300.000 работници за празничната сезона — отвора на Бизнис Инфо

Американската компанија „Амазон“ планира да вработи повеќе од 300.000 работници во Соединетите Американски Држави за време на претстојната празнична сезона. Ова е прво зголемување на сезонските вработувања за три години, бидејќи онлајн трговецот на мало се подготвува за пораст на нарачките за време на празничниот шопинг период, објави „Ројтерс“. Во текот на претходните три години, ...

Amazon се обидува да ја загрози доминацијата на Nvidia на пазарот на чипови со вештачка интелигенција со нов софтвер — отвора на Бизнис Инфо

Американскиот технолошки гигант „Амазон“ претстави нова софтверска алатка која овозможува кодот од вештачката интелигенција (ВИ) да работи на неговите наменски чипови без потреба од нивно преправување. На овој начин, „Амазон“ се стреми да ја намали предноста што ја има „Нвидија“ на пазарот на инфраструктура за ВИ компјутери, објавува „Ројтерс“. Новата алатка, наречена „ТорчНеурон“, им овозможува ...

Amazon ги претстави Bee Frontier и Bee Eclipse, лични ВИ уреди што ги слушаат и сумираат разговорите — отвора на Смарт портал

Amazon ги претстави Bee Frontier и Bee Eclipse, два нови уреди за „лична вештачка интелигенција“. Тие ги слушаат разговорите на корисникот и од нив прават кратки резимеа, сознанија и предлози за обврски. Bee е стартап од Сан Франциско што Amazon го купи во јули 2025 година. Нивниот прв уред, нараквицата Bee Pioneer, чинеше 49,99 долари и го слушаше сето ...

Екраните полни со икони заминуваат во историјата: Како Амазон планира да ги замени апликациите — отвора на ТРН

Шефот на одделот за уреди во Амазон, Панос Панај, најави темелна промена во начинот на кој луѓето комуницираат со технологијата. На конференцијата на ТекКранч во октомври 2026 година, Панај посочи дека новата генерација на уреди со вештачка интелигенција целосно ќе ја елиминира потребата од отворање и префрлање меѓу десетици посебни апликации. Наместо тоа, автономни софтверски ...

Повеќе од 1.600 пожари во Амазонија за две недели: Властите започнаа истрага — отвора на Вечер

Во сојузната држава Амазонас, во првите две недели од октомври се регистрирани 1.679 пожари, што е за 253 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, според податоците на бразилскиот систем за следење на Амазон. Чадот предизвика