Видеото се пушта од YouTube (со зголемена приватност) дури откако ќе притиснеш ▶.
Како Народната банка го проценила ризикот за влез на Алта банка во земјава - решението недостапно
Во Законот за банки се наведени основите кога Извршниот одбор на НБРМ го одбива барањето за стекнување акции, каде меѓу другото, во член 59, став 6 пишува: расположивите податоци и информации укажуваат дека лицето, и/или лицата поврзани со него индицираат тенденција на висок ризик со што може да биде загрозена стабилноста, сигурноста и репутацијата на банката, има основана причина да се сомнева во легалноста на потеклото на парите, интегритетот или вистинскиот идентитет на лицето и/или лицата поврзани со него и постоењето блиски врски или сопственичката или организациската структура на лицето или на групата на која ѝ припаѓа, може да го отежне вршењето ефикасна супервизија и преземањето корективни мерки. Во одговор за „360 степени“ од НБРМ велат – Решението на Извршниот одбор на Народната банка бр. 15-27777/10 од 1 септември 2025 година, вклучително и неговото образложение, содржи класифицирани и доверливи информации и податоци, кои согласно Законот за Народната банка и Законот за банките подлежат на обврска за чување во тајност и не се предмет на јавно објавување и споделување. Поради тоа, Народната банка не е во можност да ја достави бараната документација, ниту во делумна форма.
Уште од 360 степени
Саботажа сезона 13 бр. 20
Кинески институт „Конфуциј“: За САД, закана по националната безбедност – како е кај нас
Кинески институт „Конфуциј“: За САД, закана по националната безбедност - како е кај нас
Некои си ги враќаат, некои трајно ги губат возилата поради управување без положен испит
Миноски: Претпоставувам дека луѓето од народната банка знаеле кој е крајниот сопственик
Народната банка не го дава на увид решението со кое дозволила влез на Алта банка во Македонија