Израел гранатираше болница во Газа

Известуваат 5 медиумиПрв објави ТРН · · последен

Преглед

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени рано утринава во израелски напад врз болница во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, соопшти Цивилната заштита во Газа. Во соопштението се наведува дека меѓу повредените во нападот врз болницата Насер има и вработени во таа здравствена установа, пренесе „Ал Џезира“.

Прочитај на Антропол

Клучни точки

  • Меѓу загинатите е и лекар кој работел во болницата. [ЦИВИЛ Медиа]
  • Нападот бил извршен во текот на ноќта врз една од зградите во болницата Насер во градот Кан Јунис, изјави Махмуд Басал, портпарол на спасувачката служба, која е во рамки на Министерството за внатрешни работи под контрола на Хамас [Мета.мк]
  • Најмалку шест лица загинаа во израелски воздушен напад врз зградата на болницата „Насер“ во јужниот дел на Појасот Газа рано утрово во понеделник, вклучувајќи и еден хирург, а 20 други се ранети, изјави за Ројтерс портпарол на Цивилната одбрана на Газа. [24 Инфо]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (6)

  1. ТРНпрв

    Израелски воздушен напад погоди болница во Газа: Најмалку шест загинати, меѓу нив и лекар

    Најмалку шест лица загинаа во израелски воздушен напад врз болницата Насер во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа. Нападот бил извршен рано утрово. Израелската војска соопшти дека целта бил „терорист на Хамас“ и други екстремисти. Според Министерството за здравство во Газа, погодено било хируршкото одделение на болницата, а меѓу ...

    Исто како текстот на
  2. Антропол

    Израел гранатираше болница во Газа

    Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени рано утринава во израелски напад врз болница во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, соопшти Цивилната заштита во Газа. Во соопштението се наведува дека меѓу повредените во нападот врз болницата Насер има и вработени во таа здравствена установа, пренесе „Ал Џезира“. Се истакнува дека ...

  3. ЦИВИЛ Медиа

    Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

    Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во израелски напад врз болничкиот комплекс „Насер“ во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, на 12 ноември. Меѓу загинатите е и лекар кој работел во болницата. Нападот предизвика оштетувања на болнички одделенија, вклучително и на делови од хируршкиот оддел. Според информациите на Цивилната ...

  4. Мета.мк

    Во израелски напад врз болница во Газа загинаа шест лица, а повеќе од дваесет се повредени

    Нападот бил извршен во текот на ноќта врз една од зградите во болницата Насер во градот Кан Јунис, изјави Махмуд Басал, портпарол на спасувачката служба, која е во рамки на Министерството за внатрешни работи под контрола на Хамас

  5. Мета.мк

    Во израелски напад врз болница во јужниот дел на Газа загинаа шест лица

    Израелската војска подоцна соопшти дека цел на нападот бил висок припадник на Хамас, како и други членови на вооруженото крило на групата, за кои се тврди дека дејствувале во рамките на болницата

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.