Извори

Антропол

antropol.mk (се отвора нов таб)порталмакедонскијавен RSS канал10 извештаи / 7 дена

Посети го сајтот

Настани со извештаи од Антропол

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени — отвора на Макфакс

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата во преговорите со Бугарија е политичка манипулација и извртување на самиот поим „национално единство“. Преговори со Бугарија не се исто што и преговори со Европската Унија, а самото прифаќање на билатерални преговори со Софија веќе претставува политички став, а не некаква неутрална и стандардна процедура, велат од Левица. …

9 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: А1онФокус+4

Нема гаранција за јазикот во ЕУ? За македонскиот ќе се прашуваат останатие земји-членки — отвора на Антропол

Новиот работен документ на Европската Унија, насловен како „Подготовка за поширока Унија“ наведува дека воведувањето нов службен јазик зависи од барањето на земјата што преговара за членство и од тоа дали постои противење меѓу сегашните членки. Тоа значи дека статусот на македонскиот јазик во Европската Унија нема да зависи само од членството на Македонија, туку …

Прворангираната кандидатка за член на Судскиот совет доби сто поени од пратеник од власта, а само десет од претставник на граѓанскиот сектор — отвора на 360 степени

Претседателот на Комисијата за селекција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кој и додели сто поени на адвокатката...

Речиси 5,5 милиони Италијанци живеат во услови на апсолутна сиромаштија — отвора на Антропол

Околу 5,4 милиони луѓе, односно 9,3 отсто од населението на Италија, живееле во апсолутна сиромаштија минатата година, што претставува благ пад во однос на претходната година, соопшти денеска италијанскиот Завод за статистика ИСТАТ. Според проценките на заводот, во апсолутна сиромаштија живеат околу 2,1 милион домаќинства, пренесува агенцијата АНСА. Стапката на апсолутна сиромаштија кај…

Левица-Кисела Вода: Самоволието на претседателот на Совет од ДПМНЕ го ограничува правото на советнички прашања! — отвора на Антропол

На седницата на Советот на Општина Кисела Вода, претседателката на советот Светлана Колариќ од ДПМНЕ, иако претходно му даде збор на советникот од Левица, Давид Бошковски, само неколку моменти подоцна ја заврши седницата, со што му ја ускрати можноста да постави советничко прашање. Ваквото самоволие на претседателката на Советот отвора сериозни прашања за начинот на …

Пропадна договорот од 10 милиони евра за Луна паркот во Скопје – неизвесно кога ќе почне изградбата — отвора на Фактор

Изградбата на долгоочекуваниот Забавен парк во Скопје повторно е доведена во прашање, откако Град Скопје го раскинал договорот вреден околу 10 милиони евра за изградба и опремување на новиот забавен парк. Според информациите што ги објави неделникот „Фокус“, повикувајќи се на податоци од Бирото за јавни набавки, договорот бил раскинат уште на 17 август 2026 година, но причините за ваквата одлука…

Орвелијански: Девет од најголемите американски банки одбивале клиенти поради политички став, утврди регулаторот — отвора на Антропол

Девет од најголемите банки во САД дискриминирале клиенти врз основа на нивните политички убедувања и деловни активности, вклучително и конзервативни организации и поединци, покажува извештај на американската Канцеларија на контролорот на валутата (OCC), регулаторно тело во рамките на Министерството за финансии на САД. Според наодите, во периодот од 2020 година до септември 2025 година, банките …

Забрана за средношколскиот марш во Лион, протестите во Франција не стивнуваат — отвора на Антропол

Средношколците во Франција продолжуваат со блокадите во пресрет на верскиот празник „Денот на сите светци“, а нарушувања на наставата се регистрирани во Марсеј, Париз и Лион. Во меѓувреме, полицискиот синдикат „Алијанса на национална полиција“ предупредува на можноста за нови немири за време на големите протести најавени за сабота. Како што пренесува телевизијата БФМ, блокадите и …

Катастрофална состојбата во Кичево, ревизорите утврдиле хаос во работењето — отвора на Антропол

Ревизорскиот извештај за работењето во 2024 година утврдува дека Општина Кичево не презела доволно мерки за наплата на сопствените приходи, реализирала капитални проекти без соодветно планирање и документација, а кај дел од инвестициите се утврдени отстапувања во изведбата и фактурирање работи за кои не е потврдено дека се извршени Ревизорите издале неповелен извештај за Општината, …

Поранешниот шеф на израелската разузнавачка служба го тужи Нетанјаху обвинувајќи го дека ги игнорирал предупредувањата пред упадот на Хамас на 7 октомври — отвора на Антропол

Поранешниот директор на израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет, Ронен Бар, поднесе тужба за клевета против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, обвинувајќи го дека ги игнорирал предупредувањата пред нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година и потоа се обидел да ја префрли одговорноста за безбедносните пропусти врз разузнавачките служби. Бар бара отштета од три …