Авион на „Виз ер“ доби закана за бомба на летот од Лондон кон Софија, активирана воздушната одбрана на НАТО

10 извори · 10 извештаи1 препишан · независноста не е проверенаПрв објави Телма · · последен

Во овој настан:Авион

Прочитај на Телма (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Патнички авион на „Виз ер“, кој летал од Лондон кон Софија, бил пренасочен кон Будимпешта по добиена закана за бомба за време на летот. Унгарски борбен авион „Грипен“ го придружувал патничкиот авион до безбедното слетување на меѓународниот аеродром „Франц Лист“ во Будимпешта.

Клучни точки

  • Авионот сообраќал на релацијата Лондон – Софија кога пристигнала дојавата за бомба, поради што бил принуден да ја промени првично планираната рута. [Макфакс]
  • Авион на компанијата „Wizz Air“ од Лондон до Софија беше пренасочен кон аеродромот во Будимпешта во понеделникот по закана од бомба, објави унгарскиот министер за одбрана Ромулуш Рушин-Сенди на социјалните мрежи. [Нетпрес]
  • Авион на авиокомпанијата „Визер“ кој сообраќал на линијата Лондон – Софија вонредно слетал на аеродромот во Будимпешта поради примена дојава за бомба, информираат од авиокомпанијата. [Press24]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (10)

  1. Телмапрв

    Авион на „Виз ер“ доби закана за бомба на летот од Лондон кон Софија, активирана воздушната одбрана на НАТО

    Патнички авион на „Виз ер“, кој летал од Лондон кон Софија, бил пренасочен кон Будимпешта по добиена закана за бомба за време на летот. Унгарски борбен авион „Грипен“ го придружувал патничкиот авион до безбедното слетување на меѓународниот аеродром „Франц Лист“ во Будимпешта. Информацијата ја потврди унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди, кој соопшти дека по ...

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  2. Скопје1

    Закана за бомба во авион на „Виз ер“: Летот од Лондон кон Софија пренасочен во Будимпешта

    Патнички авион на „Виз ер“, кој сообраќал на линијата од Лондон до Софија, бил пренасочен кон Будимпешта по закана за бомба добиена за време на летот. Унгарски борбен авион „Грипен“ го придружувал леталото до безбедното слетување во Унгарија.Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди потврди дека по добиената закана била активирана итна процедура за воздушна одбрана на НАТО. Била издадена…

  3. Макфакс

    Поради дојава за бомба, авион на „Виз ер“ пренасочен кон Будимпешта

    Авион на авиокомпанијата „Виз ер“, кој летал од Лондон кон Софија, денеска бил пренасочен кон аеродромот во Будимпешта поради дојава за бомба, објави унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди на Фејсбук. Авионот сообраќал на релацијата Лондон – Софија кога пристигнала дојавата за бомба, поради што бил принуден да ја промени првично планираната рута. За придружба ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Независен весник

    По дојава за бомба, авион на „Виз ер“ од Лондон до Софија безбедно слета во Будимпешта придружуван од воен авион

    Патнички авион што леташе од Лондон до Софија безбедно слета во Будимпешта, придружуван од унгарски борбен авион „Грипен“, откако било дојавено дека на него има поставена бомба . Лет на „Виз Ер“ од Лондон до Софија беше пренасочен кон аеродромот во Будимпешта во понеделник по закана со бомба, објави „Ројтерс“. Унгарскиот министер за одбрана Ромулуш ...

  5. 4NEWS

    Авион од Лондон кон Бугарија пренасочен кон Будимпешта поради дојава за бомба

    Драматичен инцидент го прекина редовниот лет на авиокомпанијата „Визер“ од Лондон кон Софија, откако за време на летот била добиена дојава за...

  6. 24 Инфо

    Драма на летот за Софија: Дојава за бомба во авион на „Виз ер“, интервенирал борбен авион

    Патнички авион на авиокомпанијата „Виз ер“ (Wizz Air), кој сообраќал на релацијата Лондон – Софија, денеска, 2 ноември, бил принуден да ја промени својата маршрута и да слета на меѓународниот аеродром „Ференц Лист“ во Будимпешта, откако била примена дојава за поставена бомба. Информацијата ја потврдил унгарскиот министер за одбрана, Ромулус Русин-Сенди, кој соопштил дека поради ...

  7. Нетпрес

    Авион пренасочен кон Будимпешта по дојава за подметната бомба

    Авион на компанијата „Wizz Air“ од Лондон до Софија беше пренасочен кон аеродромот во Будимпешта во понеделникот по закана од бомба, објави унгарскиот министер за одбрана Ромулуш Рушин-Сенди на социјалните мрежи. Унгарски борбен авион „Gripen“ бил испратен да го придружува патничкиот авион. Авионот безбедно слета на аеродромот во Будимпешта. Летот на „Wizz Air“ сообраќал на ...

  8. Press24

    Авион на „Визер“ вондредно слета во Будимпешта по дојава за бомба

    Авион на авиокомпанијата „Визер“ кој сообраќал на линијата Лондон – Софија вонредно слетал на аеродромот во Будимпешта поради примена дојава за бомба, информираат од авиокомпанијата. Летот од лондонскиот аеродром Лутон бил прекинат во воздух, а леталото под воена придружба било пренасочено кон Унгарија. Информацијата ја потврдија од „Визер“, додека унгарскиот министер за одбрана, Ромулуш…

  9. Бриф

    Авион на „Виз Ер“ пренасочен кон аеродромот во Будимпешта поради закана со бомба

    Авион на компанијата „Виз Ер“ што леташе од Лондон до Софија денеска беше пренасочен кон аеродромот во Будимпешта откако за време на летот беше примена закана за бомба, објави авиокомпанијата. Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Санди изјави дека е испратен унгарски борбен авион да го придружува авионот до Будимпешта, каде што безбедно слета на меѓународниот ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.