Седлоски денеска ја собира репрезентацијата во Скопје

Фото: МакФудбал
Известуваат 3 медиумиПрв објави SportSport · · последен

Преглед

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе го одржи официјалниот собир пред претстојните натпревари против Шкотска и Словенија во рамките на УЕФА Лигата на нации. Селекторот Гоце Седлоски за овие два дуела повика 26 фудбалери.

Прочитај на SportSport

Клучни точки

  • Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започна подготовките за завршните искушенија во Б-дивизијата од Лигата на нации. [МакФудбал]
  • Селекторот Гоце Седлоски денеска ја направи првата прозивка на 26-те фудбалерите кои се најдоа на неговиот список. [Спорт+]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (3)

  1. SportSportпрв

    Седлоски денеска ја собира репрезентацијата во Скопје

    Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе го одржи официјалниот собир пред претстојните натпревари против Шкотска и Словенија во рамките на УЕФА Лигата на нации. Селекторот Гоце Седлоски за овие два дуела повика 26 фудбалери. Во репрезентативниот состав се враќаат Дарко Чурлинов, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски и Никола Серафимов. Македонија на 13 ноември гостува кај Шкотска ...

  2. МакФудбал

    Фудбалерите на собир пред дуелите со Шкотска и со Словенија

    Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започна подготовките за завршните искушенија во Б-дивизијата од Лигата на нации. Пред нас се последните два дуели – гостувањето кај Шкотска во петок и пресметката со Словенија дома три дена подоцна. Селекторот Гоце Седлоски изврши одредени ротации во составот, со јасна цел: конечно да се стави крај на црната серија ...

  3. Спорт+

    Фудбалската репрезентација на Македонија се собира во Скопје, Гоце Седлоски денеска ја направи првата прозивка

    Македонската фудбалска репрезентација ја чекаат последните два натпревари во УЕФА Лигата на нациите. Селекторот Гоце Седлоски денеска ја направи првата прозивка на 26-те фудбалерите кои се најдоа на неговиот список. Со попладневниот собир во Скопје, националниот тим официјално ги започнува подготовките за ноемвриските дуели против Шкотска и Словенија. Црвено-жолтите во претходните четири кола од…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.