Истанбул: Во тек е потрага по избегана лавица; жителите се повикани да останат во своите домови

Фото: Проверено
Известуваат 9 медиумиПрв објави Проверено · · последен

Преглед

Потрагата по лавица која се движи низ населба во Истанбул трае повеќе од 12 часа, а жителите се повикани да останат во своите домови додека надлежните служби се обидуваат да го лоцираат и безбедно да го фатат животното. Лавицата била забележана во населбата Ускумрукој, во општината Саријер, во неделата вечер.

Прочитај на Проверено

Клучни точки

  • Жителите на населбата Ускумрукој во Истанбул, Турција, се вознемирени откако лавица била забележана како слободно се движи низ нивното соседство. [Скопје1]
  • Повеќе од 12 часа трае опсежна акција за пронаоѓање на лавица која синоќа околу 18:00 часот била забележана во истанбулската населба Ускумрукој, општина Саријер. [Независен весник]
  • Животното било забележано синоќа околу 18 часот во шумски предел, но во текот на ноќта не било повторно регистрирано ниту со термалните камери со кои се надгледува теренот, објави турскиот портал „Хаберлер“. [Нова Македонија]
  • Животното првпат било забележано на безбедносните камери, по што жандармеријата испратила свои екипи во областа и ги засилила безбедносните мерки. [Инфомакс]
  • Паника во Истанбул: Се бара лавица, граѓаните да не излегуваат од домовите Александра Спасеска 23.11.2026 / 11:51 Чек дис аут Турските власти од неделата вечерта трагаат по лавицата која била забележана во населбата Ускумрукој во истанбулската општина Сариер. [Кајгана]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (9)

  1. Проверенопрв

    Истанбул: Во тек е потрага по избегана лавица; жителите се повикани да останат во своите домови

    Веќе 12 часа трае потрагата по лавица, која била забележана во населбата Ускумрукој во истанбулската општина Саријер; сепак, животното не било детектирано од термалните камери во текот на ноќта.Надлежните се обидуваат да го фатат животното живо, користејќи пушка со средства за смирување, но лавицата сѐ уште не е погодена, пренесува „Хаберлер“ (Haberler).Во операцијата се вклучени ...

  2. ТРН

    Лавица побегна во Истанбул: Жителите добија предупредување да не излегуваат од домовите

    Потрагата по лавица која се движи низ населба во Истанбул трае повеќе од 12 часа, а жителите се повикани да останат во своите домови додека надлежните служби се обидуваат да го лоцираат и безбедно да го фатат животното. Лавицата била забележана во населбата Ускумрукој, во општината Саријер, во неделата вечер. Иако во текот на ноќта ...

  3. Скопје1

    (Видео) Лавица се „шета“ низ Истанбул, потрагата трае 12 часа

    Жителите на населбата Ускумрукој во Истанбул, Турција, се вознемирени откако лавица била забележана како слободно се движи низ нивното соседство. По нејзиното појавување, безбедносните служби започнале опсежна потрага која, според објавените информации, трае веќе 12 часа.Првите снимки од животното биле регистрирани на надзорните камери, по што жандармеријата испратила патроли и ги засилила…

  4. Независен весник

    Во Истанбул потрага по лавица забележана во станбен комплекс

    Повеќе од 12 часа трае опсежна акција за пронаоѓање на лавица која синоќа околу 18:00 часот била забележана во истанбулската населба Ускумрукој, општина Саријер. Иако теренот постојано се надгледува, животното во текот на ноќта не било повторно регистрирано на термалните камери, пренесува турскиот портал „Хаберлер“. На терен се распоредени екипи на полицијата, жандармеријата, општинските служби…

    Истиот текст го објавија и (2):
  5. Нова Македонија

    Лавица во близина на станбен комплекс во Истанбул, жителите повикани да не излегуваат

    Турските служби повеќе од 12 часа трагаат по лавица забележана во близина на станбен комплекс во истанбулската населба Ускумрукој, во општината Саријер. Животното било забележано синоќа околу 18 часот во шумски предел, но во текот на ноќта не било повторно регистрирано ниту со термалните камери со кои се надгледува теренот, објави турскиот портал „Хаберлер“. Во ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.