Две лица загинаа, најмалку 22 се повредени во руски напад на Запорожје

Фото: 360 степени
Известуваат 4 медиумиПрв објави 360 степени · · последен

Преглед

Две лица загинаа, а 22 се повредени во руски напад врз украинскиот град Запорожје во текот на изминатата ноќ. Меѓу повредените има и две деца, на возраст од шест и 16 години, соопшти вршителот на должноста началник на Запорошката обласна воена администрација, Михаило Семекин.

Прочитај на 360 степени

Клучни точки

  • Две лица загинаа, а 22 се повредени, меѓу кои и две деца, во синоќешниот руски напад врз украинскиот град Запорожје, објави на Телеграм еден од раководителите на Регионалниот совет за одбрана на Запорожје, Иван Федоров. [Независен весник]
  • Двајца загинати и 40 повредени е билансот од рускиот напад врз украинскиот град Запорожје, при што била погодена петкатна станбена зграда, објави „Киев индепендент“.Шефот на Воената администрација на Запорошката област, Михајло Семикин, соопшти дека ударот уништил дел од зградата во квартот Космични. [Скопје1]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Бројки во насловите

Насловите на различни медиуми носат различни бројки. Не одлучуваме која е точна — провери ги извештаите.

  • 22 — 360 степени, ТРН, Независен весник
  • 40 — Скопје1

Сите извештаи (4)

  1. 360 степенипрв

    Две лица загинаа, најмалку 22 се повредени во руски напад на Запорожје

    Еден од раководителите на Регионалниот совет за одбрана на Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм објави дека меѓу...

  2. ТРН

    Двајца загинати, 22 повредени во руски напад врз Запорожје

    Две лица загинаа, а 22 се повредени во руски напад врз украинскиот град Запорожје во текот на изминатата ноќ. Меѓу повредените има и две деца, на возраст од шест и 16 години, соопшти вршителот на должноста началник на Запорошката обласна воена администрација, Михаило Семекин. Во нападот била уништена приватна станбена куќа, а петкатница била делумно ...

  3. Независен весник

    Најмалку две лица загинаа, а 22 се повредени во руските напади врз Запорожје

    Две лица загинаа, а 22 се повредени, меѓу кои и две деца, во синоќешниот руски напад врз украинскиот град Запорожје, објави на Телеграм еден од раководителите на Регионалниот совет за одбрана на Запорожје, Иван Федоров. Тој објави и фотографии на кои се гледа оштетена станбена зграда. Претходно, регионалниот гувернер Михајло Семикин изјави дека е можно ...

  4. Скопје1

    (Видео) Двајца загинати и 40 повредени во руски напад врз Запорожје, меѓу повредените бебе и три деца

    Двајца загинати и 40 повредени е билансот од рускиот напад врз украинскиот град Запорожје, при што била погодена петкатна станбена зграда, објави „Киев индепендент“.Шефот на Воената администрација на Запорошката област, Михајло Семикин, соопшти дека ударот уништил дел од зградата во квартот Космични. На фотографиите од местото се гледа голем отвор на едната страна од објектот.Меѓу повредените има…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.