САД воведоа нови санкции кон Куба – на удар транспортна мрежа за сурова нафта, државни претпријатија и добавувачи во Кина кои ги снабдуваат кубанските вооружени сили

Фото: Телма
Известуваат 9 медиумиПрв објави Телма · · последен

Во овој настан:Куба

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против поединци и субјекти поврзани со Куба. „Мерките се насочени кон транспортна мрежа за сурова нафта, државни претпријатија и добавувачите со седиште во Кина кои ги снабдуваат кубанските вооружени сили“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.

Клучни точки

  • Американскиот државен секретар Марко Рубио ја обвини Хавана дека ги користи државните ресурси за збогатување на воената елита. [Плусинфо]
  • Новите мерки опфаќаат државни претпријатија и добавувачи со седиште во Кина, додека официјален Вашингтон најавува дополнителни ограничувања за неколку индустриски сектори. [Лидер]
  • Во исто време, САД презедоа чекори за воведување нови санкции насочени кон кубанските сектори за електроника, производство, поморство и технологија. [Бизнис вести]
  • Најавата за проширување на санкциите доаѓа истовремено со воведувањето нови мерки против физички и правни лица поврзани со Куба. [Проверено]
Прочитај на Телма

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • Марко РубиоМерките се насочени кон транспортна мрежа за сурова нафта, државни претпријатија и добавувачите со седиште во Кина кои ги снабдуваат кубанските вооружени сили[Телма]

Сите извештаи (9)

  1. Телмапрв

    САД воведоа нови санкции кон Куба – на удар транспортна мрежа за сурова нафта, државни претпријатија и добавувачи во Кина кои ги снабдуваат кубанските вооружени сили

    Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против поединци и субјекти поврзани со Куба. „Мерките се насочени кон транспортна мрежа за сурова нафта, државни претпријатија и добавувачите со седиште во Кина кои ги снабдуваат кубанските вооружени сили“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Во исто време, САД презедоа чекори за воведување нови санкции насочени кон кубанските ...

  2. Плусинфо

    САД СО НОВ УДАР ВРЗ КУБА Санкции за нафтената мрежа, кинеските добавувачи и компании поврзани со армијата

    Вашингтон ги проширува санкциите врз кубанската економија, насочувајќи ги кон снабдувањето со нафта и кон претпријатијата поврзани со вооружените сили. Американскиот државен секретар Марко Рубио ја обвини Хавана дека ги користи државните ресурси за збогатување на воената елита.

  3. Лидер

    НОВИ САНКЦИИ ОД САД ВРЗ КУБА: Мерки за нафтената мрежа и претпријатијата на војската, соопшти Рубио

    Соединетите Американски Држави денеска воведоа нови санкции против поединци и компании поврзани со Куба. Овие мерки се директно насочени кон транспортот на сурова нафта и снабдувањето на кубанската армија. Новите мерки опфаќаат државни претпријатија и добавувачи со седиште во Кина, додека официјален Вашингтон најавува дополнителни ограничувања за неколку индустриски сектори. Американската…

  4. Курир

    САД воведоа нови санкции кон Куба

    САД денеска воведоа нови санкции против поединци и субјекти поврзани со Куба. - Мерките се насочени кон транспортна мрежа за сурова нафта, државни претпријатија и добавувачите со седиште во Кина, кои ги снабдуваат кубанските вооружени сили, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Во исто време, САД презедоа чекори за воведување нови санкции насочени кон кубанските сектори за…

  5. Бизнис вести

    САД воведоа нови санкции против поединци и субјекти поврзани со Куба

    – Мерките се насочени кон транспортна мрежа за сурова нафта, државни претпријатија и добавувачите со седиште во Кина, кои ги снабдуваат кубанските вооружени сили, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Во исто време, САД презедоа чекори за воведување нови санкции насочени кон кубанските сектори за електроника, производство, поморство и технологија. – Администрацијата на Трамп нема ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.