Извори

Бизнис вести

biznisvesti.mk (се отвора нов таб)бизнисмакедонскијавен RSS канал10 извештаи / 7 дена

Посети го сајтот

Настани со извештаи од Бизнис вести

Герасимовски: Законот нè обврзува да ја започнеме постапката за ДУП „Барутана“, но тоа не значи дека планот ќе биде донесен — отвора на Скопје Инфо

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите појасни дека постапката за изработка на нов Детален урбанистички план за „Барутана“ е започната согласно законските обврски на Општината, откако претходниот план беше укинат од Уставниот суд во 2025 година.

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје — отвора на Сител

Употребата на Градскиот воз и од следната година електричните еколошки автобуси, сериозно ќе влијаат врз намалување на загадувањето во Скопје, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Според него од 300 до 500 патници дневно користат градски воз на линијата Зелениково-Нова железничка. “ Ветивме дека првата линија на градски воз ќе почне на 1 септември и…

Германија ќе воведе дигитална лична карта во јануари — отвора на Либертас

Германскиот парламент донесе закон за воведување дигитален паричник следната година за складирање документи како што е дигитална лична карта, јави ДПА. Апликацијата „d-you“ ќе им го олесни на граѓаните потврдувањето на својот идентитет преку интернет со владини агенции. Дигиталната лична карта е наменета и за употреба во физичкиот свет, дозволувајќи пластичната лична карта да остане …

Николоски: Македонија е лидер во спроведување на реформите од Планот за раст на ЕУ — отвора на Скопје1

Македонија е апсолутен лидер во спроведувањето на реформите во рамки на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, а резултатите од реформските процеси веќе се преточуваат во конкретна финансиска поддршка за државата. Во ноември се очекува нова транша од 75 милиони евра да пристигне на сметката на македонскиот буџет, со што вкупните средства исплатени врз основа на спроведените реформи…

10 извештаи (сите извештаи)7 препишани

Известуваат и: Press24Курир+5

Николоски изјави дека градежните работи на проектот за брзата пруга би можеле да започнат во пролетта следната година — отвора на Бизнис вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека градежните работи на проектот за брзата пруга би можеле да започнат во пролетта следната година, откако навреме биле завршени сите потребни студии во рамки на подготовката на проектот. Во гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5, Николоски рече дека шесте студии предвидени за проектот …

Америка испраќа војска во Панама — отвора на МКД.мк

Првите делови од баталјон од 600 војници од елитната 10-та планинска дивизија со седиште во Форт Драм во Њујорк веќе се преселиле во нов центар за обука во панамската џунгла. Овие војници на крајот ќе тренираат со локалните сили во Колумбија и Хондурас, а би можеле да обезбедат и поддршка на американските специјални сили кои …

Макрон бара договор за буџетот на ЕУ до крајот на годината: Од јануари нема политички простор — отвора на Бизнис вести

Францускиот претседател Емануел Макрон ги предупреди лидерите на земјите од Европската Унија дека мора да постигнат договор за седумгодишниот буџет на Унијата до крајот на оваа година, бидејќи после тоа би било политички премногу тешко за Франција да го поддржи, изјавија четворица европски дипломати. За време на разговорите зад затворени врати, Макрон рече дека нема …

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Либертас

Зелената индустрија во фокусот на вториот ден на TECHMECH 2026: нови шанси за младите инженери — отвора на Независен весник

Денес, во рамките на вториот ден од Саемот TECHMECH 2026, во просториите на Машинскиот факултет се одржа трибината „Зелена индустрија: нови предизвици и претприемачки можности за младите“. Настанот, модериран од проф. д-р Радмил Поленаковиќ, беше отворен од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и собра експерти од енергетскиот сектор, стопанските комори и …

Општина Неготино обезбеди 273.435 евра преку ИПА програмата за уредување на спортско-рекреативен центар — отвора на Бизнис вести

Општина Неготино потпиша договор за обезбедување финансиски средства во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Македонија, преку проектот „CultiSport“. Станува збор за средства во износ од 273.435 евра, наменети за Општина Неготино како дел од имплементацијата на проектот „Поддршка на спортскиот туризам и неговата поврзаност со културата во прекуграничната област“.…

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе — отвора на Бизнис вести

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат во предмети за кривичното дело – Трговија со луѓе денеска остварија билатерални средби со претставници на обвинителствата од Бразил, Колумбија и Венецуела кои во нивните земји постапуваат по ваков вид на …