Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

13 извори · 13 извештаи5 препишани · независноста не е проверенаПрв објави Курир · · последен
Прочитај на Курир (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на…

Клучни точки

  • По објавено видео на социјалната мрежа ТикТок, полициските службеници идентификуваа и казнија возач кој управувал патничко возило по пешачко-велосипедска површина. [Лидер]
  • Полицијата попладнево соопшти дека се работи за скопјанец со иницијали Н.К. [Фактор]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (13)

  1. Курирпрв

    ВИДЕО: Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за…

    Истиот текст го објавија и (4):
  2. Фокус

    (ВИДЕО) Казнет е возачот кој со автомобил се движеше по велосипедска патека во Скопје

    По објавено видео на социјалните мрежи, казнет е возачот кој управуваше возило по велосипедска патека во Скопје....

  3. Лидер

    ВОЗЕЛ АВТОМОБИЛ ПО ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА: Санкциониран скопјанец на улицата Бутелска

    По објавено видео на социјалната мрежа ТикТок, полициските службеници идентификуваа и казнија возач кој управувал патничко возило по пешачко-велосипедска површина. На видеозаписот се гледаше како автомобил марка „сузуки“ со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедската патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје. Движењето на возилото се одвивало во правец од кружниот тек кон крстосницата…

  4. Скопје1

    (Видео) Пронајден скопјанецот кој возеше по велосипедска патека во Бутел - полицијата го казни

    Возач од Скопје е санкциониран откако со патничко возило се движел по велосипедска патека во скопската населба Бутел, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил откриен откако на социјалната мрежа TikTok било објавено видео на кое се гледа како автомобил „сузуки“ со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедската патека покрај улицата „Бутелска“, во правец од кружниот тек кон…

  5. 4NEWS

    Возел со автомобил по велосипедска патека во Скопје, полицијата го санкционираше

    Возач од Скопје е санкциониран откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како со автомобил се движи по...

  6. Фактор

    (ВИДЕО) Полицијата го пронајде човекот кој возеше по велосипедска патека

    Полицијата го идентификуваше возачот кој возеше по велосипедска патека. Четириесет и шестгодишен скопјанец е возачот кој возеше по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“, а видео беше објавено на социјалната мрежа „ТикТок“. Полицијата попладнево соопшти дека се работи за скопјанец со иницијали Н.К. кој денеска е повикан на службен разговор/ „По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“…

  7. Плусинфо

    📽️ ВОЗЕШЕ ПО ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА, ПА БЕШЕ КАЗНЕТ Снимка на „ТикТок“ го откри возачот во Скопје

    Возач на „сузуки“ бил санкциониран откако видео на „ТикТок“ покажа дека вози по велосипедската патека на улицата Бутелска во Скопје.

  8. Макфакс

    (Видео) Казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Скопје

    По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран е возачот кој возеше со автомобил по велосипедска патека во Скопје. „По објавено видео на социјалната мрежа ‘ТикТок’, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило ‘сузуки’ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата ‘Бутелска’ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата ...

    Истиот текст го објавија и (1):

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.