За 24 часа пристигнале рекорден број мигранти на Канарските острови

Фото: 24 Вести
Известуваат 6 медиумиПрв извештај · последен

Преглед

Рекорден број мигранти пристигна на Канарските острови во последните 24 часа. Според податоците од поморската служба за спасување, повеќе од 2.100 луѓе пристигнале на островите во преполни чамци.

Прочитај на ТРН

Клучни точки

  • Помеѓу пристигнатите мигранти пронајден е и еден починат човек, а една жена се породила за време на опасното патување од Западна Африка до шпанскиот архипелаг. [Независен весник]
  • Околу 1.990 илегални мигранти пристигнаа на шпанските Канарски Острови за само 24 часа, што претставува најголем број на баратели на азил што дошле во еден ден на овој архипелаг крај брегот на северозападна Африка. [Проверено]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (6)

  1. ТРН

    За 24 часа пристигнале рекорден број мигранти на Канарските острови

    Рекорден број мигранти пристигна на Канарските острови во последните 24 часа. Според податоците од поморската служба за спасување, повеќе од 2.100 луѓе пристигнале на островите во преполни чамци. Ова го надмина претходниот дневен рекорд од околу 1.500 луѓе, регистриран пред две недели, пренесува Ројтерс . Спасувачките екипи известија дека едно лице е пронајдено мртво во ...

  2. Независен весник

    За еден ден на Канарските Острови пристигнаа 2.100 мигранти

    Во рок од 24 часа рекорден број од 2.100 мигранти пристигнаа, во преполни чамци, на шпанските Канарски Острови, соопшти Службата за поморско спасување. Помеѓу пристигнатите мигранти пронајден е и еден починат човек, а една жена се породила за време на опасното патување од Западна Африка до шпанскиот архипелаг. Бројот на sega пристигнати лица го надмина ...

    Истиот текст го објавија и (2):
  3. Плусинфо

    РЕКОРДЕН БРАН МИГРАНТИ НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ За само 24 часа пристигнале 2.100 луѓе

  4. Проверено

    Рекорден број од речиси 2.000 мигранти пристигнаа на шпанските Канарски Острови за 24 часа

    Околу 1.990 илегални мигранти пристигнаа на шпанските Канарски Острови за само 24 часа, што претставува најголем број на баратели на азил што дошле во еден ден на овој архипелаг крај брегот на северозападна Африка. Претходниот дневен рекорд, кој изнесуваше 1.500 пристигнувања беше посавен на 14 ноември, дносно пред само десетина дена. „За жал, ова е ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.