Уапсен сопственикот на „Информер“ Драган Ј. Вучиќевиќ

Фото: Рацин
Известуваат 19 медиумиПрв објави Рацин · · последен

Преглед

Сопственикот на телевизијата „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, денеска е уапсен по налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград. Според сознанијата на Нова.рс, апсењето е поради сомнение за предизвикување паника и нереди во продолжено траење и попречување на правдата.

Прочитај на Рацин

Клучни точки

  • Во Белград денеска е уапсен главниот и одговорен уредник на телевизијата „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, дознава „Еуроњуз Србија“. [Инфомакс]
  • Како што објави „Информер“, Вучиќевиќ бил пресретнат на 50 метри од зградата на телевизијата од „припадници на органите на редот, кои не биле униформирани“. [Либертас]
  • Како што објавија српските медиуми Вучиќевиќ е уапсен поради предизвикување паника и неред, поточно, поради континуирано такво однесување, како и поради попречување на правдата. [ТРН]
  • Засега нема официјална изјава од обвинителството за причините за апсењето. [Независен весник]
  • Потоа бил однесен во полициската станица во Вождовац. [24 Инфо]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Драган ВучиќевиќИнформер

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (23)

  1. Рацинпрв

    Уапсен сопственикот на „Информер“ Драган Ј. Вучиќевиќ

    Сопственикот на телевизијата „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, денеска е уапсен по налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград. Според сознанијата на Нова.рс, апсењето е поради сомнение за предизвикување паника и нереди во продолжено траење и попречување на правдата. Во првичната информација не се наведени конкретните дејства на кои се однесуваат сомненијата. Веста за апсењето ...

  2. Скопје1

    Уапсен сопственикот на телевизијата „Информер“ Драган Ј. Вучиќевиќ

    Сопственикот на српската телевизија „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, денеска е уапсен по налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград, објави порталот „Нова.рс“.Според информациите на порталот, Вучиќевиќ е приведен под сомнение за предизвикување паника и нереди во продолжено траење, како и за попречување на правдата.

  3. Инфомакс

    Уапсен главниот уредник на ТВ „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ

    Во Белград денеска е уапсен главниот и одговорен уредник на телевизијата „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, дознава „Еуроњуз Србија“. Како што објавува „Информер“, Вучиќевиќ бил пресретнат од припадници на органите на редот пред зградата на телевизијата. Според медиумот, не е познато кој го уапсил, бидејќи возилото со кое дошле не било обележано. Вучиќевиќ бил однесен во ...

  4. Либертас

    Медиуми во Србија: Уапсен главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ

    Главниот и одговорен уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, денеска е уапсен, пренесува Telegraf.rs. Како што објави „Информер“, Вучиќевиќ бил пресретнат на 50 метри од зградата на телевизијата од „припадници на органите на редот, кои не биле униформирани“. Тој, наводно, бил однесен во полициската станица во Вождовац.

  5. ТРН

    Уапсен Драган Ј Вучиќевиќ, сопственикот на српски „Информер“

    Како што објавија српските медиуми Вучиќевиќ е уапсен поради предизвикување паника и неред, поточно, поради континуирано такво однесување, како и поради попречување на правдата. Оваа информација во Народното собрание ја соопшти и Александар Вучиќ, шеф на пратеничката група „Александар Вучиќ – Србија победува“. „Сопственикот на ’Информер ТВ‘, Драган Ј. Вучиќевиќ, штотуку е уапсен“, изјави Вучиќ.…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.