Од утрово врие полиција на кумановските улици – голема акција на МВР, претреси и кај нотари

Фото: Курир
Известуваат 12 медиумиПрви објавија Press24 и Сител · · последен

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Засиленото присуство на полициски специјалци утрово на улиците во Куманово, според неофицијални информации, е најава за поголема полициска акција во која Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност разоткрива организирана криминална група, составена од лица добро познати на кумановската криминална сцена.

Клучни точки

  • Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција спроведува истрага против организирана криминална група осомничена за изнуда, лихварство, перење пари, закани и насилство. [Курир]
  • Во тек е голема полициска акција насочена кон разбивање организирана криминална група, која подолг период дејствувала во Куманово и поширокиот регион. [Република]
Прочитај на Press24

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (12)

  1. Press24прв

    Од утрово врие полиција на кумановските улици – голема акција на МВР, претреси и кај нотари

    Засиленото присуство на полициски специјалци утрово на улиците во Куманово, според неофицијални информации, е најава за поголема полициска акција во која Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност разоткрива организирана криминална група, составена од лица добро познати на кумановската криминална сцена. Станува збор за група која, според сомневањата на…

    Истиот текст го објавија и (4):
  2. Сителпрв

    Голема полициска акција во Куманово: Се разбива криминална група осомничена за изнуда, лихварство и перење пари

    Засилено присуство на полициски специјалци утрово е забележано на улиците во Куманово, каде што, според неофицијални информации, се спроведува голема полициска акција насочена кон разбивање организирана криминална група. Акцијата ја спроведува Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност, во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран…

  3. Курир

    РАЗБИЕНА КРИМИНАЛНА МРЕЖА ВО КУМАНОВО: На удар организирана криминална група!

    Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција спроведува истрага против организирана криминална група осомничена за изнуда, лихварство, перење пари, закани и насилство. Засилено полициско присуство и специјални полициски сили утрово се забележани на повеќе локации во Куманово, каде што, според неофицијални информации, се спроведува обемна полициска операција насочена кон разбивање на…

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Република

    Голема полициска акција во Куманово: На удар организирана криминална група, осомничен организаторот со прекар Штука

    Засилено полициско присуство и ангажман на специјалните полициски сили утрово во Куманово. Во тек е голема полициска акција насочена кон разбивање организирана криминална група, која подолг период дејствувала во Куманово и поширокиот регион. Според неофицијалните информации, во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност, а групата ја…

    Истиот текст го објавија и (1):
  5. Телма

    Полициска акција во Куманово, претреси и кај нотари

    Засилено полициско присуство и претреси на повеќе локации утрово во Куманово се дел од голема акција на МВР за разбивање организирана криминална група, објавија дел од медиумите во земјава. Неофицијално групата е осомничена дека подолг период дејствувала во Куманово и пошироко, занимавајќи се со изнуда, лихварство, перење пари, закани и уцени. Според неофицијалните информации, за ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.