Најмладиот милионер во државата има 4 години, највозрасниот 97 години – анализа на УЈП за 2025 година

18 извори · 18 извештаи9 препишани · независноста не е проверенаПрв објави Телма · · последен
Прочитај на Телма (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Управата за јавни приходи (УЈП) ги објави најновите податоци за 2025 година. Според анализата, најмладиот милионер во државата е дете на возраст од четири години кое остварило на еден милион денари од дивиденда, додека највозрасниот има 97 години.

Клучни точки

  • Доходот го остварило од дивиденда, додека највозрасниот примател на милионски доход има 97 години и остварил приходи од пензија и од други извори. [Булевар]
  • Како што информира директорката на УЈП, Елена Петрова, минатата година се поднесени над 863.100 даночни пријави од граѓани или 10,6 отсто повеќе од 2024 година. [МКД.мк]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • УЈПЧетиригодишно дете е најмладиот милионер, а највозрасниот има 97 години[МКД.мк]

Сите извештаи (18)

  1. Телмапрв

    Најмладиот милионер во државата има 4 години, највозрасниот 97 години – анализа на УЈП за 2025 година

    Управата за јавни приходи (УЈП) ги објави најновите податоци за 2025 година. Според анализата, најмладиот милионер во државата е дете на возраст од четири години кое остварило на еден милион денари од дивиденда, додека највозрасниот има 97 години. Парите ги направил од пензијата, но и од други приходи. Во анализата...

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  2. Булевар

    Има само четири години, а веќе остварило милионски доход: УЈП ги објави податоците за 2025 година

    Четиригодишно дете е најмладиот примател на доход над еден милион денари во државата за 2025 година, покажува анализата на Управата за јавни приходи. Доходот го остварило од дивиденда, додека највозрасниот примател на милионски доход има 97 години и остварил приходи од пензија и од други извори. Податоците се однесуваат на годишен доход во денари, а …

    Истиот текст го објавија и (1):
  3. Скопје1

    Најмладиот милионер во Македонија има 4 години

    Четиригодишно дете е најмладиот милионер во Македонија за 2025 година, со остварен приход од еден милион денари од дивиденда. Највозрасниот милионер има 97 години, а приходите ги остварил од пензија и други извори, покажуваат најновите податоци на Управата за јавни приходи (УЈП).Според анализата на УЈП, во 2025 година граѓаните поднеле над 860.000 даночни пријави, што е зголемување од 10,6 отсто…

  4. Скопје Инфо

    Најмлад во Македонија: 4-годишно дете лани станало милионер

    Четиригодишно дете е најмладиот милионер во Македонија за 2025 година, со остварен приход од еден милион денари од дивиденда. Од друга страна, највозрасниот милионер има 97 години, а приходите ги остварил од пензија и други извори - покажуваат најновите податоци на Управата за јавни приходи (УЈП).

  5. Национално

    ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ МЕЃУ МИЛИОНЕРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Доходот го заработило од дивиденда

    Четиригодишно дете е најмладиот примател на годишен доход над еден милион денари во Македонија за 2025 година, покажува анализата на Управата за јавни приходи (УЈП). Детето остварило доход од дивиденда, додека највозрасниот примател на милионски доход има 97 години, а приходите му се од пензија и од други извори. Од УЈП појаснуваат дека податоците се …

    Истиот текст го објавија и (2):
  6. Фактор

    Најмладиот милионер во Македонија има 4 години: Во 2025 година остварил приход од еден милион денари од дивиденда

    Најмладиот милионер во Македонија за 2025 година е четиригодишно дете, со остварен приход од еден милион денари од дивиденда. Најстариот пак е пензионер на 97 годишна возраст кој приходите ги остварил од пензија и други извори, покажуваат најновите податоци на Управата за јавни приходи. Според податоците на УЈП, минатата година, граѓаните поднеле над 860.000 даночни пријави, што претставува…

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  7. Курир

    Најмладиот милионер во државата има ЧЕТИРИ години, а највозрасниот е 97-годишен пензионер

    Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а 97-годишен пензионер 1,089 милиони денари, од кои 59 отсто од пензија, а останатото од дивиденда, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година. Како што информира директорката на УЈП, Елена Петрова, минатата година се поднесени над 863.100 даночни пријави од граѓани или 10,6 отсто повеќе од 2024 година.…

    Истиот текст го објавија и (6):
  8. МКД.мк

    УЈП: Четиригодишно дете е најмладиот милионер, а највозрасниот има 97 години

    Како што информира директорката на УЈП, Елена Петрова, минатата година се поднесени над 863.100 даночни пријави од граѓани или 10,6 отсто повеќе од 2024 година. Најголем дел од пријавите се поднесени во Скопје, по што следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица. „Интересни се податоците за највисоките поединечни доходи. Највисоката годишна бруто плата изнесува 139,1 …

  9. Фокус

    Четиригодишно дете е најмлад милионер во Македонија, заработува од дивиденда

    Најмладиот милионер во Македонија за 2025 година е четиригодишно дете, со остварен приход од еден милион денари…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.