Холандската амбасада во Киев оштетена во напад со руски дрон

Известуваат 3 медиумиПрв објави ТРН · · последен

Преглед

Руски напад со беспилотно летало врз Киев ја оштети холандската амбасада. Ракетата падна зад зградата, кршејќи прозорци и оштетувајќи автомобили и куќа на обезбедувач.

Прочитај на ТРН

Клучни точки

  • Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа штета и на уште едно дипломатско претставништво. [Инфомакс]
  • Холандската влада денеска го повика рускиот амбасадор откако руски проектил падна во близина на холандската амбасада во Киев, предизвикувајќи помали оштетувања на зградата. [24 Инфо]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (3)

  1. ТРНпрв

    Холандската амбасада во Киев оштетена во напад со руски дрон

    Руски напад со беспилотно летало врз Киев ја оштети холандската амбасада. Ракетата падна зад зградата, кршејќи прозорци и оштетувајќи автомобили и куќа на обезбедувач. Нема повредени меѓу вработените во амбасадата, но во нападот врз градот едно лице загина, а четири се повредени. Холандскиот министер за надворешни работи Том Берендсен објави дека проектил ја погодил областа ...

  2. Инфомакс

    Погодени холандската и австриската амбасада во Киев: Руски напад оштети дипломатски објекти

    Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа штета и на уште едно дипломатско претставништво. По холандската, оштетена е и зградата на австриската амбасада, откако проектил падна во нејзина непосредна близина. Австриската министерка за надворешни работи, Беате Мајнл-Рајзингер, потврди дека во нападот била оштетена зградата на амбасадата, но дека нема повредени меѓу дипломатскиот…

  3. 24 Инфо

    Холандија го повика рускиот амбасадор по нанесени штети врз амбасадата во Киев

    Холандската влада денеска го повика рускиот амбасадор откако руски проектил падна во близина на холандската амбасада во Киев, предизвикувајќи помали оштетувања на зградата. Холандскиот министер за надворешни работи, Том Берендсен, изјави дека проектилот паднал зад зградата на амбасадата попладнево. Нема повредени лица. Берендсен за холандската телевизиска мрежа RTL изјави дека инцидентот е…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.