Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

10 извори · 10 извештаи2 препишани · независноста не е проверенаПрв објави Фактор · · последен

Во овој настан:АНБ

Прочитај на Фактор (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Амбасадата на Руската Федерација во Македонија денеска реагираше на обвинувањата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за постоење пропагандна мрежа во земјава која дејствува во функција на руските интереси. Од Амбасадата ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека, и покрај испратеното…

Клучни точки

  • Од Амбасадата реагираат дека македонските институции сè уште не одговориле на нивното барање за објаснување. [А1он]
  • Од руската амбасада тврдат дека и покрај официјалното барање, досега не добиле одговор од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. [Антропол]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (10)

  1. Факторпрв

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    Амбасадата на Руската Федерација во Македонија денеска реагираше на обвинувањата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за постоење пропагандна мрежа во земјава која дејствува во функција на руските интереси. Од Амбасадата ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека, и покрај испратеното дипломатско барање, досега не добиле одговор од македонските институции. Реакцијата следува по соопштението…

    Истиот текст го објавија и (1):
  2. Скопје1

    Руската амбасада ги отфрли обвинувањата за „проруски хибридни активности“ и бара одговор од македонските институции

    Руската амбасада во Македонија ги отфрли обвинувањата за наводно ширење пропаганда во интерес на Русија и изрази незадоволство што сè уште не добила одговор од македонските институции на барањето за средба со претставници на Министерството за надворешни работи и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).Во коментар објавен на 29 октомври 2026 година, Амбасадата посочи дека со изненадување го…

  3. Макфакс

    Руската амбасада: Обвинувањата на АНБ против нашата земја за ширење пропаганда во Македонија се неосновани

    Решително ги отфрламе неоснованите обвинувања против нашата земја за ширење пропагандни материјали, кои, како што се тврди во соопштението на Агенцијата за национална безбедност, имале за цел да „се поткопува довербата во институциите“ и „се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост“, реагираат од Амбасадата на Русија во Македонија. „Во Амбасадата со изненадување се запознаа ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Либертас

    Руската Амбасада контра Македонската АНБ. Етикетите за некакви „проруски хибридни активности “ се невистинити. Чекаме средба

    Коментар од Амбасадата на Руската Федерација во врска со изјавата на Агенцијата за национална безбедност на Република Северна Македонија (Скопjе, 29 октомври 2026 година) Во Амбасадата со изненадување се запознаа со соопштението на Агенцијата за национална безбедност на Република Северна Македонија од 1 октомври оваа година во врска со откривање во земјата на „пропагандна мрежа ...

  5. А1он

    Руската амбасада ги отфрли обвинувањата на АНБ и бара објаснување од македонските институции

    Руската амбасада во Македонија ги отфрли обвинувањата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дека во земјава дејствува пропагандна мрежа во функција на руските интереси. Од Амбасадата реагираат дека македонските институции сè уште не одговориле на нивното барање за објаснување. Од руската дипломатска мисија соопштија дека веднаш по објавувањето на соопштението...

  6. МКД.мк

    Амбасадата на Русија со реакција за соопштението на АНБ: Решително ги отфрламе неоснованите обвинувања против нашата земја за ширење пропагандни материјали

    „Имајќи ја предвид сериозноста на обвинувањата содржани во официјалната информација на органот на извршната власт на земјата домаќин, Амбасадата без одлагање се обрати до Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија со барање да се организира средба на aмбасадорот на Русиjа со раководството на МНР и АНБ, со цел да се добијат разјаснувања ...

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  7. 360 степени

    Руската амбасада ги отфрла наводите на АНБ за присуство на руска пропагандна мрежа во земјава

    Од Амбасадата на Русија велат дека веднаш по објавувањето на соопштението од АНБ се обратиле до македонското...

  8. Антропол

    Руската амбасада ги отфрли обвинувањата за пропагандна мрежа и побара објаснување од македонските власти

    Амбасадата на Руската Федерација во Македонија ги отфрли како неосновани обвинувањата за наводна пропагандна мрежа поврзана со руските интереси, за која претходно информираше Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Од руската амбасада тврдат дека и покрај официјалното барање, досега не добиле одговор од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. Во коментар објавен…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.