Страшна повреда за Дезире Дуе, изнесен од теренот со носилки (Видео)

Фото: МакФудбал
Известуваат 4 медиумиПрв објави Спортманија · · последен

Преглед

На мечот против Ница на кој беше и стрелец

Прочитај на Спортманија

Клучни точки

  • Пари Сен Жермен е погоден од нова можна сериозна повреда. [МакФудбал]
  • Пари Сен Жермен запиша победа на вчерашното гостување кај Ница во Лига 1, но таа победа е скапо платена затоа што се повреди Дезире Дуе. [Дерби]
  • На напаѓачот на ПСЖ, Дезир Дуе, му е дијагностицирана прелиминарна повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено, објави „Л’Екип“. [MakPress]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Дезире ДуеПСЖ

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (8)

  1. Спортманијапрв

    Страшна повреда за Дезире Дуе, изнесен од теренот со носилки (Видео)

    На мечот против Ница на кој беше и стрелец

  2. МакФудбал

    Тешка повреда за Дезире Дуе (ВИДЕО)

    Пари Сен Жермен е погоден од нова можна сериозна повреда. Францускиот офанзивец Дезире Дуе го повреди коленото на гостувањето против Ница и во солзи беше изнесен од теренот на носилки, предизвикувајќи голема загриженост во таборот на Луис Енрике. Повредата се случи непосредно по неговиот погодок за 1-2, кога Дуе при една ситуација почувствува силна болка ...

  3. Спортманија

    Победата на ПСЖ остана во сенка на повредата на Дезире Дуе

    Напаѓачот се здоби со сериозна повреда на коленото и беше изнесен на носилки

  4. МакФудбал

    Триумфот на ПСЖ засенет со повредата на Дезире Дуе

    Пари Сен Жермен продолжи со победите во француската Лига 1, откако на гостински терен ја совлада Ница со 2-3 во 11. коло. Сепак, трите бода не донесоа целосно задоволство кај гостите, бидејќи Дезире Дуе заработи повреда и во 44. минута беше изнесен од теренот на носилки. Ница имаше одличен почеток и поведе уште во осмата ...

  5. Спортманија

    Официјално: Дезире Дуе има скинати лигаменти во коленото, сезоната му е завршена

    ПСЖ потврди дека крилото Дезире Дуе има скинат преден врстен лигамент во десното колено. Клубот објави дека до крајот на месецов Дуе ќе биде опериран. Дуе се повреди синоќа во мечот од француското првенство против Ница. Од теренот беше изнесен на носила, и веднаш се виде дека станува збор за сериозна повреда. Периодот на опоравување ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.