Уапсен е тинејџер од Македонија осомничен за обид за убиство на екс водачот на „Гробари“

Фото: Либертас
Известуваат 14 медиумиПрв објави Фокус · · последен

Преглед

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, државјанинот на Македонија, А.А.(19) е задржан во притвор во траење до 48 часа, под сомнение дека на 8 јули 2025 година во Белград се обиде да му го одземе животот на Н.А.

Прочитај на Фокус

Клучни точки

  • Српската полиција уапси 19-годишен македонски државјанин поради сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Али Бег, поранешен водач на навивачка група на „Партизан“. [24 Инфо]
  • Осомничениот ја изнел својата одбрана за време на сослушувањето, соопштија од обвинителството. [Журнал]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:ПартизанНенад Алајбеговиќ

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (16)

  1. Фокуспрв

    Уапсен е тинејџер од Македонија осомничен за обид за убиство на екс водачот на „Гробари“

    По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, државјанинот на Македонија, А.А.(19) е задржан во притвор во...

  2. Инфомакс

    Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид за убиство на поранешниот водач на „Гробари“: Алибег бил застрелан со неколку куршуми

    По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, државјанинот на Македонија, А.А.(19) е задржан во притвор во траење до 48 часа, под сомнение дека на 8 јули 2025 година во Белград се обиде да му го одземе животот на Н.А. Како што дознава „Танјуг“, оштетениот Н.А. е Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибег, поранешен водач на ...

    Истиот текст го објавија и (3):
  3. 24 Инфо

    Уапсен 19-годишник од Македонија, осомничен за обид за убиство на поранешен водач на навивачите на „Партизан”

    Српската полиција уапси 19-годишен македонски државјанин поради сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Али Бег, поранешен водач на навивачка група на „Партизан“. На осомничениот А.А. му е одредено задржување до 48 часа по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград. Пукањето се случило на 8 јули 2025 година на улицата ...

  4. Скопје Инфо

    Уапсен 19-годишен Македонец во Белград, осомничен за обид за убиство на поранешен водач на навивачката група на „Партизан“

    Деветнаесетгодишен македонски државјанин е уапсен во Белград под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибег, поранешен водач на навивачката група „Гробари“, која го поддржува фудбалскиот клуб „Партизан“.

  5. Press24

    Македонец уапсен во Белград: Осомничен дека пукал во поранешен водач на навивачите на Партизан

    Деветнаесетгодишен македонски државјанин е уапсен и задржан во Белград по налог на српското Вишо јавно обвинителство, под сомнение дека во јули минатата година извршил обид за убиство во српската престолнина. Според официјалните податоци од обвинителството, инцидентот се случил на 8 јули 2025 година на улицата „Народних хероја“, кога осомничениот наводно испукал повеќе проектили кон маж ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.