МВР поднесе кривична против Костадинов: Се сомничи дека овозможил легализација на дивоградба во Куклиш
Преглед
Потребни се извештаи од најмалку два различни медиуми. Прочитај ги оригиналните наслови подолу.
Споредба на известувањето
Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.
- Скопје ИнфоМВР поднесе кривична против Костадинов: Се сомничи дека овозможил легализација на дивоградба во Куклиш
- Скопје1Легализирал дивоградба и овозможил отуѓување државно земјиште, кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица
- Скопје ИнфоНова кривична за екс-градоначалникот на Струмица Костадинов - со раководителка во урбанизам овозможиле на фирма да легализира дивоградба
- ЛокалноНова кривична против Костадинов – се сомничи дека легализирал дивоградба и отуѓил државно земјиште
- НационалноНОВА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА КОСТАДИНОВ Како била легализирана дивоградба во Куклиш
- ФакторМВР поднесе уште една кривична пријава против Костадин Костадинов
Сите извештаи (6)
МВР поднесе кривична против Костадинов: Се сомничи дека овозможил легализација на дивоградба во Куклиш
Поранешниот градоначалник на Струмица, раководителка на општинскиот Сектор за урбанизам и управител на фирма од Битола се соочуваат со кривични пријави поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа, информираат од МВР.
Легализирал дивоградба и овозможил отуѓување државно земјиште, кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица
СВР Струмица поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, поранешна раководителка во општинскиот Сектор за урбанизам и управител на правно лице од Битола, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа.Според Министерството за внатрешни работи, пријавени се К.К. (36) од Струмица, кој во времето на наводното дело бил…
Нова кривична за екс-градоначалникот на Струмица Костадинов - со раководителка во урбанизам овозможиле на фирма да легализира дивоградба
Нова кривична против Костадинов – се сомничи дека легализирал дивоградба и отуѓил државно земјиште
СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36) од Струмица, во времето на сторување…
НОВА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА КОСТАДИНОВ Како била легализирана дивоградба во Куклиш
СВР Струмица поднесе нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, поранешна раководителка на Секторот за урбанизам во општината и поранешен управител на правно лице од Битола. Според МВР, двајца од пријавените се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување, а третиот за фалсификување исправа. Случајот се однесува на легализација на…
МВР поднесе уште една кривична пријава против Костадин Костадинов
МВР поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и други две лица за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“. Според полицијата, Костадинов и уште едно лице му овозможиле на правно лице да легализира бесправно изграден објект на парцела во Куклиш. „СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36)…
Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.