Истекува азотна киселина од превртен камион во Германија, жителите добија наредба да останат дома

Фото: Скопје1
Известуваат 5 медиумиПрв објави Скопје1 · · последен

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Голема опасност им се заканува на жителите на германскиот град Крефелд откако камион натоварен со азотна киселина се превртел во текот на ноќта на автопатот А57, а опасната материја почнала да истекува.

Клучни точки

  • Сериозна сообраќајна несреќа на автопатот А57 во германскиот град Крефелд предизвика голема интервенција на итните служби, откако камион што превезувал азотна киселина се превртел. [Независен весник]
  • Несреќата предизвика масовна интервенција на итните служби, затворање на патот и прекин на повеќе железнички линии кон Диселдорф. [Press24]
Прочитај на Скопје1

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (5)

  1. Скопје1прв

    Истекува азотна киселина од превртен камион во Германија, жителите добија наредба да останат дома

    Голема опасност им се заканува на жителите на германскиот град Крефелд откако камион натоварен со азотна киселина се превртел во текот на ноќта на автопатот А57, а опасната материја почнала да истекува. Властите го активирале највисокиот степен на предупредување и ги повикале жителите во околината да останат во затворен простор.Од противпожарната служба во Крефелд информирале дека од камионот…

  2. Фокус

    Камион со азотна киселина се преврте во Германија – затворени училишта и градинки

    Камион што превезувал азотна киселина се превртел во текот на ноќта на автопатот А57, во близина на...

  3. Независен весник

    Аларм за екстремна опасност во Германија: Истекла опасна хемикалија

    Сериозна сообраќајна несреќа на автопатот А57 во германскиот град Крефелд предизвика голема интервенција на итните служби, откако камион што превезувал азотна киселина се превртел. Опасната и висококорозивна супстанца почнала да истекува од возилото, поради што надлежните органи изолирале поширока област, а, инцидентот предизвика и значителни прекини во железничкиот сообраќај кон Диселдорф.…

  4. 4NEWS

    Камион со опасна киселина се преврте во Германија, евакуирана и изолирана поширока област

    Голема опасност од истекување на опасна хемикалија предизвика вонредна состојба во германскиот град Крефелд, откако камион со товар од азотна киселина се...

  5. Press24

    Вонредна состојба во Германија: Се преврте камион со киселина

    Голема опасност од истекување на азотна киселина предизвика вонредна состојба во германскиот град Крефелд, откако камион со таков товар се преврте на автопатот А57. Несреќата предизвика масовна интервенција на итните служби, затворање на патот и прекин на повеќе железнички линии кон Диселдорф. Инцидентот се случил во текот на ноќта во близина на клучката „Крефелд-Центрум“. Возачот ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.