МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Стратешките со износ од 18.000 денари, социјалните и за успех по 6.050 денари

Фото: Скопје1
Известуваат 12 медиумиПрв објави Нова Македонија · · последен

Во овој настан:МОН

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Министерството за образование и наука (МОН) објави конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се воведува нов модел на распределба на државната финансиска поддршка. Новиот пристап ги опфаќа социјалните потреби на студентите, академскиот успех, но и образованието на кадар во области од стратешко значење за државата.

Клучни точки

  • Според соопштението од МОН, и покрај воведувањето на нови категории, вкупниот број на стипендии останува непроменет – 3.000. [Press24]
  • Пријавувањето трае до 20 ноември, а стратешките стипендии достигнуваат 18.000 денари месечно. [Паноптикум]
  • Највисоката поддршка е наменета за студентите што се образуваат во седум области од стратешки интерес, меѓу кои математика, физика, хемија и земјоделство. [Рацин]
  • Пријавувањето трае од 6 до 20 ноември 2026 година и се врши исклучиво електронски преку порталот за е-услуги на МОН. [Булевар]
Прочитај на Нова Македонија

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • МОННов модел на студентско стипендирање, 3.000 стипендии, повеќе можности и поддршка за студентите[МКД.мк]

Сите извештаи (12)

  1. Нова Македонијапрв

    МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Нови категории за студенти со попреченост и ретки болести

    Министерството за образование и наука (МОН) објави конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се воведува нов модел на распределба на државната финансиска поддршка. Новиот пристап ги опфаќа социјалните потреби на студентите, академскиот успех, но и образованието на кадар во области од стратешко значење за државата. Од вкупниот број стипендии, ...

    Речиси идентичен текст
  2. 4NEWS

    МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии, нови категории за студенти со попреченост и ретки болести

    Студентите ќе можат да аплицираат за една од вкупно 3.000 стипендии за студиската 2026/2027 година, откако Министерството за образование и наука го...

  3. Press24

    МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Стратешките со износ од 18.000 денари, социјалните и за успех по 6.050 денари

    Министерството за образование и наука објави нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се воведува нов модел на распределба на државната поддршка. Според соопштението од МОН, и покрај воведувањето на нови категории, вкупниот број на стипендии останува непроменет – 3.000. Новиот концепт ги дели стипендиите во три основни категории. ...

  4. Скопје1

    МОН отвори конкурс за студентски стипендии, пријавувањето трае до 20 ноември

    Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за академската 2026/2027 година, со нов модел на распределба и посебна поддршка за студентите со попреченост и ретки болести.Од вкупниот број стипендии, 1.200 се наменети за социјална поддршка, при што за првпат се издвојуваат по 50 стипендии за студенти со попреченост и за студенти со ретки…

    Истиот текст го објавија и (1):
  5. Фокус

    Конкурс на МОН: Стратешки стипендии со износ од 18.000 денари, за првпат стипендии и за студенти со попреченост

    Министерството за образование и наука објави нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година,...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.