Летот за Москва вратен во Белград поради Александар Вулин, според медиуми

Фото: Плусинфо
Известуваат 9 медиумиПрв објави Нетпрес · · последен

Во овој настан:Александар Вулин

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Авион на „Air Serbia“ на летот за Москва е вратен во Белград доцна ноќта во вторникот за дополнителни безбедносни проверки на еден патник, објави српската национална авиокомпанија.

Клучни точки

  • „Ер Србија“ објави дека постапила во согласност со упатствата на надлежните органи и важечките процедури откако добила информации за потребата од дополнителни безбедносни проверки. [Канал 77]
  • Српските медиуми објавија дека меѓу патниците бил и поранешниот шеф на БИА, Александар Вулин. [Плусинфо]
  • Авионот на „Ер Србија“ на летот JU134, кој синоќа полета од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ кон Москва, е вратен во Белград откако, според информации на Nova.rs, било утврдено дека Александар Вулин не ја поминал безбедносната проверка. [Телма]
Прочитај на Нетпрес

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (9)

  1. Нетпреспрв

    Летот за Москва вратен во Белград поради Александар Вулин, според медиуми

    Авион на „Air Serbia“ на летот за Москва е вратен во Белград доцна ноќта во вторникот за дополнителни безбедносни проверки на еден патник, објави српската национална авиокомпанија. Воздухопловната компанија „Air Serbia“ објави дека постапила во согласност со упатствата на надлежните органи и важечките процедури откако добила информации за потребата од дополнителни безбедносни проверки.…

  2. Канал 77

    Лет за Москва вратен во Белград поради Александар Вулин

    Авион на „Ер Србија“ на лет за Москва беше вратен доцна синоќа во Белград за дополнителни безбедносни проверки на еден патник, објави српската национална авиокомпанија. „Ер Србија“ објави дека постапила во согласност со упатствата на надлежните органи и важечките процедури откако добила информации за потребата од дополнителни безбедносни проверки. Апликацијата Flightradar24 покажа како авионот се…

    Истиот текст го објавија и (2):
  3. Плусинфо

    АВИОН ЗА МОСКВА ВРАТЕН ВО БЕЛГРАД ПОРАДИ ВУЛИН Безбедносна проверка на патник го прекина летот

    Авионот безбедно слетал во Белград по добиени информации за потреба од дополнителни безбедносни проверки на еден патник. Српските медиуми објавија дека меѓу патниците бил и поранешниот шеф на БИА, Александар Вулин.

  4. Нова Македонија

    Авион на „Ер Србија“ на пат кон Москва вратен во Белград поради безбедносни проверки, на летот наводно бил и Александар Вулин

    Авион на српската национална авиокомпанија „Ер Србија“, кој летал кон Москва, бил вратен во Белград поради потреба од дополнителни безбедносни проверки поврзани со еден од патниците, соопшти авиокомпанијата, објави РТС. Според соопштението, одлуката за враќање на авионот била донесена откако компанијата добила информација од надлежните аеродромски служби дека се неопходни дополнителни проверки.…

  5. Скопје Инфо

    Авион на „Ер Србија“ вратен од пола пат кон Москва: Вулин се качил без безбедносна проверка, а имало и други двајца функционери

    Авион на „Ер Србија“ на лет за Москва, доцна синоќа во Белград бил вратен за дополнителни безбедносни проверки на еден патник, објави српската национална авиокомпанија. „Ер Србија“ објави дека постапила во согласност со упатствата на надлежните органи и важечките процедури откако добила информации за потребата од дополнителни безбедносни проверки.

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.