Информер

40 настани во последните 30 дена, од 32 медиуми

„Србија ќе се разбуди од тој грд сон“: Вучиќ со жестока порака по изборите - откри што знае за идната Влада — отвора на Вечер

Денес ќе биде поднесена иницијатива до REM за одземање на лиценцата за емитување на ТВ Информер — отвора на Локално

Пекевски: Може да има инфилтрирани, но насилството во „Информер“ не може да се оправдува со наталоженото незадоволство — отвора на 4NEWS

Насилството и оштетувањето на имотот не смеат да се оправдуваат со политичкото незадоволство, без оглед на тоа колку се силни критиките кон...

Бесермењи: Наталожениот гнев кај граѓаните е резултат на долгогодишното незадоволство од медиумското известување — отвора на 4NEWS

Долгогодишното незадоволство кај граѓаните во Србија, начинот на известување на телевизијата „Информер“ и барањата за одговорност на медиумите беа меѓу темите за...

Бесермењи за инцидентот пред „Информер“: Не е познато кои биле луѓето што влегле во телевизијата — отвора на 4NEWS

Идентитетот и мотивите на луѓето што влегле во зградата на телевизијата „Информер“ во Србија не се утврдени, а засега нема сигурни информации...

АНАЛИЗА: Медиумски потрес во Србија по падот на Вучиќ, оставки во РТВ и битка за РТС — отвора на Рацин

Медиумски потрес ја следи изборната промена во Србија: во Радио-телевизија Војводина се потврдени три оставки, од раководството на РТС се бара повлекување, а до регулаторот е поднесена иницијатива за одземање на дозволата на „Информер“. Два дена по изборите, спорот веќе ја надминува кадровската смена и го отвора прашањето кој ќе ја определува уредувачката политика, раководствата, ...

Вучиќ: Зборував со Макрон, Мелони и Кошта, со Орбан наскоро ќе се видам во Белград — отвора на Скопје1

Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, даде изјава за телевизијата Информер по парламентарните избори во Србија, во која зборуваше за актуелната политичка ситуација, идната влада и односите со европските лидери.Вучиќ изјавил дека во изминатите два дена разговарал со повеќе европски лидери, меѓу кои Виктор Орбан, Емануел Макрон, Џорџа Мелони и Антонио Кошта.„Разговарав денеска и…

Вучиќ предупредува: „Ќе воведат санкции кон Русија, а ќе го поништат и она што го направивме во ОН“ — отвора на Скопје1

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ за телевизијата Информер, зборуваше за актуелните политички теми.На прашањето дали ги видел изјавите на Илија Срдановиќ, Вучиќ рекол дека го интересира само „што прават против државата“.„Да, ги видов, но не ме интересира што зборуваат за мене, туку што прават против нашата држава. Луѓето дури допрва ќе видат за што станува збор“, изјави…

Поднесена иницијатива за забрана на емитувањето на Српската телевизија „Информер“, студентите бараат оставки во РТС — отвора на Сакам да кажам

Поради долгогодишно кршење на медиумските закони и професионалната етика, кампањи против дисиденти и пропагандна работа во корист на актуелната влада, ...

Од Брисел порачаа: Не прифаќаме насилства по изборите во Србија — отвора на Вечер

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас фон Бекерат, синоќа, откако поддржувачите на Студентската листа упаднаа во просториите на Информер, повика да се воздржат од какво било насилство.

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Журнал

Вучиќ по изборниот пораз: Никогаш нема да ми го скршите духот — отвора на Рацин

Само два дена по поразот на парламентарните избори во Србија, Александар Вучиќ порача дека нема да се повлече од политичката борба и ги обвини своите противници за „револуционерен терор“. На одбележувањето на партиската слава Света Петка, во седиштето на Српската напредна странка (СНС) во Белград, Вучиќ изјави дека неговата партија ја очекува тежок период и ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Фокус

Вучиќ се заканува: „Ако насилството продолжи, ќе се самоорганизираме и ќе донесеме свои одлуки“ — отвора на Локално

Вучиќ се јави со видео порака: Монструозно насилство вечерва во Информер од страна на студентите — отвора на 4NEWS

9 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: А1онИнфомакс+2

Вучиќ не го дава Информер: ако го згаснете, нема дијалог четири години — отвора на А1он

Поранешниот претседател на Србија и лидер на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, најави дека партијата ја очекува тежок период по изборниот пораз од Студентската листа. На прославата на партиската слава тој ги обвини политичките противници за насилство и прогон, а упати и предупредување дека напредњаците сами ќе се организираат...

„Ќе мораме сами да ги браниме нашите животи“, рече Вучиќ по вчерашните упади во „Информер“ — отвора на Скопје1

Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, најави дека неговите поддржувачи би можеле сами да се организираат доколку државните органи не реагираат на насилството, коментирајќи го вчерашниот упад на граѓани во редакцијата на српскиот медиум „Информер“.Вучиќ изјави дека ситуацијата била ужасна и дека животот на главниот уредник Драган Вучиќевиќ бил спасен дури по пристигнувањето на...

Граѓани ја отстранија сликата на Вучиќ од кабинетот на градоначалникот на Крагуевац — отвора на Скопје1

Сликата на српскиот претседател Александар Вучиќ е изнесена од кабинетот на градоначалникот на Крагуевац по победата на студентската листа на изборите.Вчера граѓани отстрануваа и банери на Српската напредна партија (СНС) со натпис „Србија победува“, а група граѓани упадна во редакцијата на „Информер“. Случувањата се одвиваат во време на засилени политички тензии во Србија.

„Нека ни е Господ на помош“ – шефот на „Информер“ најави тешка борба — отвора на Скопје1

„Нека ни е Господ на помош“, изјави главниот уредник на српската телевизија „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, во програма во живо, најавувајќи тешка борба по политичките случувања во Србија.„Како дојдовме до ова, луѓе?“, праша Вучиќевиќ, изразувајќи загриженост за развојот на настаните.Неговите изјави доаѓаат во период на засилени реакции против телевизијата „Информер“, која во јавноста е...

Илија Срдановиќ по упадот во „Информер“: Не прибегнувајте кон насилство — отвора на Скопје1

Илија Срдановиќ, носител на студентската листа, ги повика граѓаните во Србија да останат смирени и достоинствени по упадот во телевизијата „Информер“, нагласувајќи дека изборниот процес сè уште не е завршен.Во обраќање објавено на официјалниот профил на Инстаграм, тој побара од граѓаните да не прибегнуваат кон насилство и да го задржат мирното однесување.„Почитувани сограѓани, ве молиме да...

Капетан Драган: „Ова е усташка победа, ќе ја рушат државата“ - ќе се се зачленува во партијата на Вучиќ — отвора на Скопје1

Драган Васиљковиќ, познат како Капетан Драган, кој во Хрватска е правосилно осуден на 13 и пол години затвор за воени злосторства, ја нарече изборната победа на студентската листа во Србија „усташка победа“ и најави дека ќе се зачлени во Српската напредна странка (СНС) на Александар Вучиќ.Во гостување на телевизијата „Информер“, Васиљковиќ тврдеше дека добил порака од Хрватска според која таму...

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази — отвора на Прва линија

Пишува: НИКОЛА СПАСОВ Упадот во редакцијата на Информер во Белград ме потсети на нешто за што размислувам одамна. А тоа е дека Вучиќ ќе изгуби од сопствената пропагандна машинерија што со години ја градеше за да ја одржи својата моќ. На народот на Србија секако му беше преку глава од криминалот, корупцијата, неодговорноста и сите ...

Хаос во Белград, упад во Информер, судир со полицијата. Опозиционерот Вучиќ обвинува за „монструозно насилство“ — отвора на Национално

Тензии и инциденти ја одбележаа вечерта во Белград, откако група поддржувачи на Студентската листа и лица кои во извештаите се опишани како припадници на таканаречените „хорови“ упаднале во зградата на телевизијата Информер. Според објавените информации, групата претходно се собрала пред зградата, по што дел од присутните влегле во редакцијата. Таму дошло до вербални напади, навреди ...

Вучиќевиќ по упадот во „Информер“: „Нема да ја угасам програмата по цена на мојот живот“ — отвора на Локално

Драган Ј. Вучиќевиќ, главен уредник на таблоидот лојален на претходната власт на Александар Вучиќ, тврди дека...

Студентите во Србија се против упадите во медиумите, се бара одземање на дозволата на Информер — отвора на А1он

Студентите собрани во иницијативата „Студенти во блокада“ им порачаа на граѓаните на Србија да не ги поддржуваат упадите во медиумите и институциите. Тие најавија дека за слободата на медиумите ќе се борат институционално, во Собранието, пренесе Н1. Студентите објавија дека „ја разбираат еуфоријата, емоциите и потребата, по сè низ што...

„Нишкиот Информер“ престана да емитува сопствена програма, на вработените им рекле да не доаѓаат на работа — отвора на Скопје1

Телевизијата „Ниш ТВ“, која во српската јавност е позната и како „Нишки Информер“, од утрово престанала да емитува сопствена програма и наместо тоа ја презема програмата на телевизијата „Информер“, јави агенцијата Бета.Според вработен во телевизијата, кој побарал да остане анонимен, уредниците им наложиле на вработените до понатамошно известување да не доаѓаат на работа.Засега не е соопштена...

Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата — отвора на А1он

Неколку десетици граѓани синоќа влегоа во просториите на телевизијата Информер во Белград и го прекинаа нејзиното емитување. Меѓу нив беше и Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, еден од 16-те загинати при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Таа и демонстрантите бараа јавно извинување од главниот уредник...

Од навреди до приватни снимки, како „Информер“ ги претвораше студентите во мети — отвора на Рацин

Кога студентите во Србија побараа одговорност за трагедијата во Нови Сад, „Информер“ почна да бара непријатели меѓу нив. Во известувањето за протестите од крајот на 2024 година наваму се повторуваат обвинувања за странско влијание, објавување лични податоци, напади врз семејства и емитување приватни содржини. Одлуките на Советот за печат, проверките на независните редакции и сведоштвата ...

Граѓани упаднале во зградата на Информер, прекината програмата – Вучиќевиќ повика полиција и брза помош — отвора на 4NEWS

Тензична ситуација се случила во просториите на српската телевизија „Информер“, откако група граѓани влегле во зградата и го прекинале емитувањето на програмата....

Студентите во Србија: Не поддржуваме насилство, упади во медиумски куќи, победата да ја прославиме достоинствено! — отвора на 4NEWS

Студентското движење „Студенти во блокада – Белград“ преку својот официјален профил на Фејсбук се огради од упадите во медиумите и институциите, повикувајќи...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Press24

По упадот во „Информер“, демонстранти фрлаа јајца кон ТВ Пинк – Студентите во блокада повикаa да нема насилство — отвора на 360 степени

„Не ги поддржуваме упадите во медиумите и институциите, ниту пак повикуваме на нив. Ќе ги ослободиме медиумите...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Либертас

Тензично, по „Информер“, демонстрантите се пред „Пинк“: Силен полициски кордон, кон зградата летале јајца — отвора на Скопје1

Тензиите на улиците во Белград продолжуваат и вечерва, еден ден по победата на Студентската листа на парламентарните избори во Србија. По упадот во редакцијата на „Информер“, група демонстранти се собрале и пред зградата на телевизијата „Пинк“ во населбата Дедиње, каде што се распоредени силни полициски сили, јавуваат српските медиуми.Според „Телеграф“, пред телевизијата се собрани граѓани и...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Фактор

Драгоевиќ за упадот во „Информер“: Претрпевме многу поради Вучиќевиќ, но не се радувам на неговото јавно понижување — отвора на Локално

Упадот на граѓаните во студиото на српската телевизија „Информер“, при што беше прекината програмата во живо,...

По Информер, граѓани се собраа и пред ТВ Пинк, полицијата ја обезбедува зградата — отвора на ТРН

Незадоволството на белградските улици вечерва се прелеа и пред седиштето на телевизија Пинк. По упадот во просториите на Информер, река граѓани се упати кон објектот на телевизија Пинк, каде што полициски кордон се повлече од коловозот и застана директно пред влезот за да ја заштити зградата. Дел од собраните луѓе фрлаат јајца кон фасадата, додека ...

Вучиќ по упадот во „Информер“: „ЕУ молчи, новинарските здруженија молчат – ние да го направевме ова, ќе бевме диктатори“ — отвора на Скопје1

Александар Вучиќ остро реагираше по упадот во редакцијата на српската телевизија „Информер“, оценувајќи дека станува збор за напад врз слободата на новинарството. Тој ги обвини Европската Унија и новинарските здруженија дека молчат за случувањата, а најави дека неговите политички соработници нема да се повлечат пред, како што рече, притисоците и заканите.„Сведочевме на напад без преседан, напад...

Демонстранти упаднаа во таблоидот „Информер“ близок до СНС – бараат да се уапси сопственикот и уредник Драган Вучиќевиќ — отвора на 360 степени

Во студиото беше сопственикот на „Информер“, Драган Вучиќевиќ, кон кого се упатија насобраните граѓани. Тие ја прекинаа...

Инциденти пред „Информер“: Насобрани граѓани фрлале камења, полицијата спречила демолирање — отвора на Скопје1

Полицијата интервенираше пред зградата на телевизијата „Информер“ на булеварот Пеке Дапчевиќ 17 во Белград, откако избувнаа немири по упадот на граѓани во просториите на телевизијата и изведувањето на главниот уредник Драган Вучиќевиќ.По неговото изведување од зградата, дел од насобраните почнале да фрлаат камења кон објектот. Набргу пристигнале припадници на полициската бригада, кои спречиле...

Додека демонстранти упаѓаа во „Информер“, Вучиќевиќ побара помош од лидерот на Студентската листа — отвора на ТРН

Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственикот и главен уредник на „Информер“, медиум познат по острите напади врз студентското движење, побара помош токму од лидерот на Студентската листа, Илија Срдановиќ. Но наместо веднаш да му поверува, Срдановиќ му порача дека прво мора да провери дали информациите се точни. Сцената се случи вечерва, 26 октомври, во директниот пренос на ...

Граѓани влегоа во редакцијата на „Информер“, Вучиќевиќ повика полиција: „Ќе убијат некого, во зградата има деца!“ — отвора на Скопје1

Група граѓани вечерва се собра пред редакцијата на српскиот таблоид „Информер“, по што главниот уредник Драган Ј. Вучиќевиќ се вклучи во програма во живо и побара итна реакција од полицијата.Вучиќевиќ тврдеше дека станува збор за заложничка криза и предупреди дека демонстрантите би можеле да влезат во зградата и да ги нападнат вработените. Тој изјави дека во редакцијата има и деца и повика...

7 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Фактор