РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за несоодветната кратенка за нашата држава во ТВ преносот

Фото: Спортманија
Известуваат 14 медиумиПрви објавија Спортманија и SportSport · · последен

Во овој настан:ЕХФНМКД

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Наместо официјалната кратенка МКД, стоеше НМКД

Клучни точки

  • Нова провокација од страна на Грците кои на ТВ преносот ракометниот дуел со нашата селекција, поставија кратенка НМКД, а се знае дека кратенката е МКД. [SportSport]
  • Македонија ја загуби ракометната битка на теренот со Грција, дуелот мина во мирна атмосферата на теренот и на трибините, па сосема непотребни беа грчките провокации при користењето на несоодветна кратенка за нашата држава за време на ТВ-преносот. [Екипа]
  • Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и Ракометната федерација на Грција поради начинот на кој македонската репрезентација била означена за време на телевизискиот пренос од натпреварот во Халкида. [Прва Скопска]
  • Со оглед на тоа што официјалната кратенка на Македонија е МКД, а тоа Грците добро го знаат, се претпоставува дека не се работи за случаен превид, туку за намерна грешка. [МКД.мк]
  • Ракометната федерација на Македонија смета дека ваквите пропусти се неприфатливи и очекува соодветна реакција од надлежните институции, како и преземање мерки за спречување на слични ситуации во иднина, се вели во официјалната објава. [Лидер]
Прочитај на Спортманија

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (14)

  1. Спортманијапрв

    РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за несоодветната кратенка за нашата држава во ТВ преносот

    Наместо официјалната кратенка МКД, стоеше НМКД

  2. SportSportпрв

    РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за НМКД!

    Нова провокација од страна на Грците кои на ТВ преносот ракометниот дуел со нашата селекција, поставија кратенка НМКД, а се знае дека кратенката е МКД. По тој повод се огласи и Ракометната федерација на Македонија: “ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на ...

  3. Екипа

    РФМ со жалба до ЕХФ за грчката провокација

    Македонија ја загуби ракометната битка на теренот со Грција, дуелот мина во мирна атмосферата на теренот и на трибините, па сосема непотребни беа грчките провокации при користењето на несоодветна кратенка за нашата држава за време на ТВ-преносот. Наместо светски признаената МКД грчката телевизија ја користеше НМКД за Северна Македонија, поради што од раководството на Ракометната ...

  4. Прва Скопска

    РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ поради ознаката за Македонија на мечот со Грција

    Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и Ракометната федерација на Грција поради начинот на кој македонската репрезентација била означена за време на телевизискиот пренос од натпреварот во Халкида. Во преносот од дуелот меѓу Грција и Македонија, наместо вообичаената ознака за нашата селекција, била употребена кратенката…

  5. Скопско Ехо

    Скандал во телевизискиот пренос: РФМ реагира поради кратенката за македонската репрезентација

    Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и Ракометната федерација на Грција...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.