НМКД

5 настани во последните 30 дена, од 16 медиуми

Филип Милошевски со силна порака: Кога ја претставуваш Македонија – постојат работи за кои не се преговара! — отвора на SportSport

Поранешниот генерален секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевки после денешните случувања во Грција: дирекниот телевизискиот пренос од натпреварот со Македонија и кратенката „NMKD“, поразот, како и други теми, се наврати 11 години наназад. Милошевски испрати порака до новото раководство на РФМ за овој случај, но и за поразот од Грција. Заедно со Живко ...

РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за несоодветната кратенка за нашата држава во ТВ преносот — отвора на Спортманија

14 извештаи (сите извештаи)3 со ист текст

Известуваат и: SportSportЕкипа+7

Грција го крши Договорот од Преспа, не го почитува кодот МКД — отвора на Република

Грција на ракометниот меч со Македонија го прекрши Договорот од Преспа. На мечот кој се емитуваше на ЕРТ Македонија беше напишана со NMKD . Според преспанскиот договор кодот на нашата земја е МKD освен за регистарските ознаки на автомобилите.

НМКД наместо МКД: Во Грција прекршен меѓународниот код на Македонија — отвора на Курир

Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот код на Република Македонија. Во графиката за денешниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Грција, од квалификациите за ЕП 2028, грчката телевизија ја потпиша нашата репрезентација со кодот НМКД, иако меѓународниот код е МКД. Со ова и грчката ракометна федерација покажа и непознавање и непочитување на меѓународни договори.

4 извештаи (сите извештаи)2 со ист текст

Известуваат и: ИнфомаксДенешен

Две ознаки за Македонија на ист ракометен дуел. Грција победи во Халкида со 29:24 — отвора на Плусинфо

Грчката јавна телевизија ЕРТ ја прикажала македонската репрезентација со ознаката NMKD, според кадар објавен од „Курир“. Европската ракометна федерација за истиот натпревар ја користи меѓународната ознака MKD.