МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен во ДЗС – Барал мито!

Фото: Либертас
Известуваат 7 медиумиПрв објави Инфомакс · · последен

Преглед

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО Скопје лиши од слобода лице вработено во Дирекцијата за заштита и спасување поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Прочитај на Инфомакс

Клучни точки

  • Информациите се дека се работи за раководител во ДЗС кој, според првичните информации, барал мито во врска со издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект. [Либертас]
  • Акцијата ја спровеле припадници на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Основното јавно обвинителство Скопје. [Фактор]
  • Кривична пријава за примање поткуп е поднесена против 63-годишен вработен во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кој се сомничи дека побарал 500 евра за да потпише документација поврзана со градежен предмет, иако во неа имало недостатоци. [Булевар]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:ДЗСДирекција

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (7)

  1. Инфомакспрв

    МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен во ДЗС – Барал мито!

    Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО Скопје лиши од слобода лице вработено во Дирекцијата за заштита и спасување поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, потврдија од Министерството за внатрешни работи за ...

  2. Фокус

    Уапсен е вработен во Дирекција за заштита и спасување – барал мито

    Полициски службеници во координација со ОЈО Скопје уапсија лице вработено во Дирекцијата за заштита и спасување поради...

  3. Либертас

    Уапсен е вработен во Дирекција за заштита и спасување – барал мито

    Полициски службеници во координација со ОЈО Скопје уапсија лице вработено во Дирекцијата за заштита и спасување поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“. Информациите се дека се работи за раководител во ДЗС кој, според првичните информации, барал мито во врска со издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засега нема детали за случајот, ...

    Речиси идентичен текст
  4. Рацин

    Уапсен раководител во ДЗС барал мито за позитивно мислење

    Вработен на позиција ркаоводител во Дирекцијата за заштита и спасување е уапсен поради сомнение за кривичното дело „примање поткуп“ информира МВР. Акцијата ја спровеле полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје. И директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов потврди дека станува збор за раководител во ...

  5. Фактор

    Полицијата приведе вработен во ДЗС поради сомнение дека примил мито

    Полицијата соопшти дека попладнево е приведен вработен во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) поради сомнение за примање поткуп. Акцијата ја спровеле припадници на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Основното јавно обвинителство Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Од Јавното обвинителство…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.