Утре е Аранѓеловден: Што не треба да изостане на трпезата и кои обичаи се поврзани со празникот

Фото: Проверено
Известуваат 8 медиумиПрв објави Press24 · · последен

Преглед

Православните верници утре, 21 ноември, го одбележуваат Соборот на Свети Архангел Михаил, во народот познат како Аранѓеловден. Овој празник е посветен на Светиот Архангел Михаил и на сите небесни сили, а во православната традиција има посебно место како ден на духовната заштита, верата и борбата против злото.

Прочитај на Press24

Клучни точки

  • Ова е еден од поголемите есенски христијански празници и една од најчестите домашни слави во македонските семејства, со која се поврзани бројни обичаи, преданија и верувања што се пренесуваат со генерации. [Скопје Инфо]
  • Овој ден е посветен на архангелот Михаил, кој во христијанската традиција се почитува како предводник на небесната војска, заштитник на Божјата правда и борец против злото. [Проверено]
  • Архангел Михаил ги мери човечките гревови, а старо верување открива каква ќе биде зимата Филип Здравески 21.11.2026 / 09:43 Живот Православните христијани денеска, 21 ноември, го празнуваат Свети Архангел Михаил, познат и како Арангеловден – една од најчестите семејни слави кај македонскиот народ. [Кајгана]
  • Во многу македонски домови денес се палат свеќи, се подготвува славска трпеза и се отвораат вратите за роднините и пријателите. [Еспресо]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Свети Архангел МихаилАранѓеловден

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (9)

  1. Press24прв

    Утре е Аранѓеловден: Што не треба да изостане на трпезата и кои обичаи се поврзани со празникот

    Православните верници утре, 21 ноември, го одбележуваат Соборот на Свети Архангел Михаил, во народот познат како Аранѓеловден. Овој празник е посветен на Светиот Архангел Михаил и на сите небесни сили, а во православната традиција има посебно место како ден на духовната заштита, верата и борбата против злото. Свети Архангел Михаил се смета за предводник на ...

  2. Скопје Инфо

    Денес е Аранѓеловден, денот посветен на Свети Архангел Михаил: Што велат старите народни верувања за овој празник?

    Православните верници денеска, 21 ноември, го празнуваат Соборот на Свети Архангел Михаил, во народот познат како Аранѓеловден. Ова е еден од поголемите есенски христијански празници и една од најчестите домашни слави во македонските семејства, со која се поврзани бројни обичаи, преданија и верувања што се пренесуваат со генерации.

  3. Проверено

    Свети архангел Михаил – небесниот војсководец и заштитник на верата

    Македонската православна црква и верниците денеска го празнуваат Соборот на светиот архангел Михаил и на сите небесни бестелесни сили, празник во народот познат како Архангеловден. Овој ден е посветен на архангелот Михаил, кој во христијанската традиција се почитува како предводник на небесната војска, заштитник на Божјата правда и борец против злото. Архангеловден е еден од ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Скопско Ехо

    Православните христијани го празнуваат Свети Архангел Михаил – што симболизира?

    Православните христијани денеска, 21 ноември, го одбележуваат празникот Свети Архангел Михаил – Арангеловден, еден од најголемите и најпочитуваните...

  5. Црнобело

    Денес е Св. Архангел Михаил, празник посветен на предводникот на ангелите - Што не треба да правите на овој ден?

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.